Реновиран е Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија, известува министерот Филипче.
Тој истакнува дека комплетно се реновирани 5 дијабетолошки амбуланти и направена е посебна амбуланта за преглед на итни пациенти и додава дека е отворен и Кабинет за дијабетично стапало опремен со термален скенер за стапало и дигитален биотензиометар – вибротест.
„Во оваа установа сите амбуланти се опремени со UV ламби со цел темелна дезинфекција на просторот. Покрај сите предизвици со Ковид 19, успешно ги продолжуваме и редовните активности за унапредување на услугите во јавното здравство и условите за работа на здравствените работници“, вели министерот Филипче.
J. Ѓ.