ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Судијката Гинзбург стана првата жена чиј ковчег е положен во Капитолот на САД

Ковчегот беше поставен на истата дрвена платформа изградена за ковчегот на Абрахам Линколн по неговото убиство во 1865 година. 

September 25, 2020 21:57
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Рут Гинсбург, судијката на Врховниот суд која почина пред седум денa, стана првата жена чиј ковчег е изложен во Капитолот на Соединетите Држави во Вашингтон.

 Американската либерална икона почина од рак на панкреасот по 27 години служба во Врховниот суд на САД. 

 Ковчегот со телото на судијката Гинсбург (87) беше внесен денеска и поставен во Националниот хол со скулптури на Капитолот на САД. Потоа започна церемонија со говори на членови на нејзиното семејство и поканети гости. Ковчегот беше поставен на истата дрвена платформа изградена за ковчегот на Абрахам Линколн по неговото убиство во 1865 година. 

 Оддавање почит и конечно збогување во салата на Капитолот досега било резервирано за највидни американски полтичари, досега триесет и тројца, само мажи. Последен чиј ковчег беше овде изложен е оној на конгресменот Илајџа Камингс, кој стана првата црномуреста личност положена во Капитолот во историјата на САД. 

 На церемонијата присуствуваа претседателскиот кандидат Џо Бајден, и од него избраната кандидатка за потпретседателка на САД, Камала Харис. 

 Поради епидемијата на коронавирус, бројот на поканети на цермонијата беше ограничен. Законодавачите кои сакаат да ѝ искажат почит можат да го сторат тоа денеска подоцна. 

Во изјавата од Врховниот суд се вели дека Гинзбург, која исто така стана и првиот човек со еврејско потекло на кого се оддава таква почит со церемонија на простување во Капитол на САД, ќе биде погребана следната недела на гробиштата во Арлингтон. 

Ковчегот со телото на Гинзбург беше донесено од зданието на Врховниот суд каде нејзините колеги се простуваа два дена, бидејќи имаше редици од нејзини почитувачи и еден ден не беше доволно. На скалите пред зградата нејзините почитувачи поставиле многу цвеќе и разни меморијални сувенири како цртежи и напишани пораки во нејзнина чест, навечер се палат свеќи .

 Смртта на судијката поттикна полемика меѓу републиканците на претседателот Доналд Трамп, кој сака веднаш да номинира нејзина замена, и демократите, кои се против и бараат победникот на изборите да одлучи за новиот судија. 

Врховен судија и клучна функција во американскиот политички систем. Врховниот суд го има последниот збор за многу важни прашања како женските права во армијата, правото на абортус, имиграцијата, здравството, истополовите бракови и др.  

Во 2016 година кога екс-претседателот Барак Обама одбра свој врховен судија, републиканците во Конгресот ја блокираа таа номинација со образложение дека одлуката не треба да биде носена за време на изборна година./МИА/ 

Next Post

Утре протест против полициска бруталност врз Ромите, во среда контра-протест за поддршка на полицајците

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk