ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Средношколците ќе ја бојкотираат наставата ако за еден месец не почне да се применува комбиниран модел

September 30, 2020 12:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од Сојузот на средношколци денеска соопштија дека Владата не го пригатила нивното најважно барање, учебната година да започне со комбиниран модел на настава, истакнувајќи дека месецов ќе ја следат состојбата со епидемијата и ако е стабилна ќе бараат тој модел да се примени од ноември, а доколку не се исполни нивното барање, средношколците ќе ја бојкотираат наставата.

– Нашето најважно суштинско барање, учебната година да започне со комбиниран модел не е прифатено од органите за образование и Владата. Сојузот на средношколци веќе со недели е во постојан контакт со средношколци од сите градови и постигнавме консензус за следните чекори на Сојузот.  Направивме компромис почитувајќи ги епидемиолозите, учебната година да започне од далечина, но доколку епидемиолошката состојба во текот на месец октомври е стабилна, тогаш учениците треба постепено да се враќаат во училиштата со комбиниран модел, во случај тоа да не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира онлајн наставата во ноември. Ова не треба да се сфати како компромис, туку како ултиматум од еден месец до министерката Царовска и министерот Филипче, потенцираа од Сојузот на средношколци.

Средношколците сметаат дека затворањето на училиштата ги продолабочува нееднаквостите бидејќи околу 40.000 ученици во РСМ немаат потребни финансиски средства за учество во процесот за учење на далечина.

Тие ги пофалија чекорите на образовните власти кон подобрување на онлајн наставата преку создавање на националната платформа за учење на далечина, односно од дома, но констатираа дека, доколку утре, кога започнува учебната година, платформата не е функционална, некој треба да преземе одговорност за тоа.

– Ние немаме реагирано досега за националната платформа бидејќи сакаме да почекаме до утре како ќе започне учебната година од далечина. Ако платформата не е функционална ние ќе бараме некој да преземе одговорност, не може да се „игра“ со образованието. Од април имавме многу време да се подготвиме и сега не може платформата да не биде функционална, посочија од Сојузот.

Од Сојузот наведоа дека  во последните неколку недели направиле големи напори да се разгледаат барањата на учениците во земјата за комбинираниот модел на наставата и да се прифатат од институциите.

– Голем број барања се веќе примени од страна на Владата. Нашето прво барање учебната година да започне на 1-ви октомври, беше прифатено. Практичната работа во средните стручни училишта ќе се спроведува со физичко присуство. Прифатено е барањето за децетрализиран пристап да училиштата, заедно со општините можат да одлучуваат за начинот на започнување на новата учебна година, во средните музички училишта да се избегнуваат активностите со музички хорови и отворање со половина капацитет на интернатите за средношколците, информираа од Сојузот.

Next Post

Европол: Уапсени 166 криминалци од Југоисточна Европа

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk