ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законски измени за потпишување Анекс на Договорот со ТАВ

Владата ќе биде подготвена да потпише анекс на Договорот со концесионерот на аеродромите,  турски ТАВ, ако наредните денови бидат усвоени потребните  законски промени за јавно приватно партнерство и концесии, најави денеска премиерот Зоран Заев, образложувајќи го Предлог буџетот за следната година

November 12, 2019 12:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ќе биде подготвена да потпише анекс на Договорот со концесионерот на аеродромите,  турски ТАВ, ако наредните денови бидат усвоени потребните  законски промени за јавно приватно партнерство и концесии, најави денеска премиерот Зоран Заев, образложувајќи го Предлог буџетот за следната година, пренесе МИА.

Со анекс договорот треба да бидат на располагање 35 милиони евра од турскиот концесионер кои не беа инвестирани  во карго аеродром во Штип. Деведесет проценти од тие пари ќе се искористат за изградба на водоводи и канализациски системи, а мал дел за градинки, училишта, спортски сали, најави Заев.

Тие пари се дополнителни на планираните инвестиции во наредниот период во изградба на водоводи и канализациски системи  финансирани од сопствени изори и од кредитната линија од Европската инвестициска банка  и КФВ банката.  Истовремен, информира Заев, преку проекетот за подобрување на општински услуги ќе им се овозможи на оптшините и јавните комунални претпријатија да финансираат инвестициски зафати  согласно со своите приоритети во областа на водоснабдување, одведување отпадни води, управување со цврст отпад и други инвестиции во  општинските услуги.

Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на холдингот ТАВ аеродроми во септември годинава најави дека на крајот на сезоната почнуваат активности за проширување на Скопскиот и на Охридскиот аеродром, во што ќе вложат 10 милиони евра. Тие пари се дел од планираните 45 милиони евра што  требаше да ги вложат во карго аеродром во Штип, но се пренаменети откако испитувањата покажаа дека нема можности за реализација на таков проект.

Со останатите 35 милиони евра ќе се спроведат инфаструктурни проекти, за што рече дека треба  да добијат листа од Владата. Кога ќе го добијат списокот, како што потенцираа, ќе почнат да ги инвстираат парите. За таа цел Владата треба да го промени Законот за концесија, подготвени се сите договори и треба да се заокружи  ратификацијата.

Next Post

Заев го ретвитна ЦИВИЛ: За мене е неприфатливо било какво ограничување на слободата на изразување и на критичкиот граѓански глас

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 3 ноември

November 3, 2025
Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk