ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Манчевски: Нема да се стопираат вработувањата заради изборите

Потребите за вработување ги дефинираат институциите, а не Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Огласи за нови вработувања се распишани и ќе продолжат да се распишуваат. Нема да се стопираат вработувањата заради изборите, бидејќи институциите имаат потреби. Тоа е жива материја, луѓе си одат и луѓе доаѓаат, порача денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски

November 12, 2019 16:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребите за вработување ги дефинираат институциите, а не Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Огласи за нови вработувања се распишани и ќе продолжат да се распишуваат. Нема да се стопираат вработувањата заради изборите, бидејќи институциите имаат потреби. Тоа е жива материја, луѓе си одат и луѓе доаѓаат, порача денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, пренесе МИА.

– Огласите не ги распишува Министерството. Ние немаме евиденција кому што му треба. Затоа има раководители на институции. Не сме запознати колку огласи се објавени за примање нови вработени во јавната администрација, бидејќи тоа не е надлежност на МИОА, туку на Агенцијата за администрација, рече Манчевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција по повод Годишната конференција на РеСПА за реформа на јавната администрација на тема: „Дигитална трансформација: Реформа на јавната администрација за дигиталната ера“.

Нешто што нема врска со изборите, посочи тој, се случува на крајот на секоја година согласно функционирањето на кој било Буџет.

– На крајот на секоја година се прекинуваат договорите на определено и доколку има потреба институциите повторно распишуваат огласи во новата година за нови договори на определено. Ова е нешто што се случува секоја година без разлика дали има избори или не, туку едноставно на 31 декаември така функционира Буџетот. Затоа секоја година после Нова година имаме зголемен број на  распишани огласи за договори на одредно време. Тоа ќе се случува и годинава, а се случувало и секоја година наназад, појасни Манчевски.

Тој прецизира дека се уште не е готов проектот за префрлање кадар од јавниот во приватниот сектор со кој треба да се детектира што е вишок на работни места, за што се во тек анализите.

– Овој проект не е готов, но тоа апсолутно не значи дека во моментов институциите немаат потреба од нови вработувања. Има голем број на кадри кои недостасуваат во јавната администрација што не го претставува целиот јавен сектор. Во јавната администрација и централните институции недостига кадар, а во јавниот сектор севкупно имаме превработеност. Анализите кои треба да ги почекаме ќе кажат каде има превработеност. Сите треба да го поддржиме овој проект или да дадеме алтернативен кој сум подготвен да го прифатам, рече Манчевски.

Кога ќе бидат готови анализите, додаде министерот, ќе бидат претставени во транспарентен процес во кој ќе бидат вклучени и синдикатите и стопанските комори.

Next Post

В четврток во Солун средба Мицотакис-Заев

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk