Системот и правната држава не смеат да бидат жртви на политиката, граѓаните гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи донесувањето на Законот за ЈО, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на гостувањето во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал 5, пренесе МИА.
-Суштинско за државата и евроинтеграциите е донесувањето на Законот за ЈО. Многу релевантни институции ги поздравија реформите во правосудството и обвинителството. Докази за реформите на полето на правдата се последните случувања и случајот „Рекет“ во кој никој не е заштитен. Секој што се огрешил пред Законот ќе одговара – рече Манчевски.
Манчевски на Канал 5 зборуваше и за 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога правдата и одоворноста беа непознати поими. Денес системот функционира, а ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа, бидејќи нивен приоритет е заштита на тајкуните за време на режимот – рече тој.
-Европската меѓународна заедница препозна дека Република Северна Македонија е кредибилна земја во која се имплементираат сериозни и реални реформи, затоа ќе станеме 30та членка на НАТО и ќе добиеме датум за отпочнување преговори со ЕУ – заклучи Манчевски.