– На почетокот на оваа година, во исто време кога пандемијата почнуваше да се шири, го реализиравме нашиот највисок национален стратешки приоритет – станавме 30-та земја-членка на НАТО. Веднаш бевме сведоци на силната солидарност од нашите сојузници, кои обезбедија помош за справување со последиците од КОВИД-19, сподели на Фејсбук видео, премиерот Заев.
– Членството во НАТО е големо достигнување на сите граѓани на Република Северна Македонија. За нас тоа значи мир и стабилност, најсилна гаранција за нашата безбедност и економски просперитет, истакна Заев.




