ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Паолучи: Мерките на НБ придонесоа за ублажување на ефектите од ковид-кризата

October 14, 2020 13:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Од исклучително значење за македонската економија се вложувањата на Народната банка во одржувањето на финансиската стабилност. Ова се согледува и во текот на ковид-кризата, кога сите стандардни показатели за оценка на состојбите во банкарскиот систем се задржуваат на солидно ниво. Светската банка постојано ги следи активностите и спроведувањето на препораките, вклучително и во однос на воспоставувањето соодветна макропрудентна рамка и во унапредувањето на анализите и на следењето на системските ризици, согласно со највисоките меѓународни стандарди. Соработката меѓу двете институции во претстојниот период и дополнително ќе се засили преку веќе планираните проекти на Народната банка за коишто Светската банка дава поддршка.

Ова, како што соопшти Народната банка, се дел од констатациите од првиот работен состанок меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка и новиот директор на Канцеларијата на Светската банка во земјата, Масимилиано Паолучи, и дел од неговиот тим, којшто се одржа видеотелеконференциски.

Како што беше истакнато на состанокот, со заедничка посветеност ќе се продолжи со развивање на капацитетот за следење на системските ризици, унапредување на макропрудентната рамка, збогатување на инструментите за решавање на банки и сл. Овие активности меѓу другото ќе треба да резултираат и со закон за финансиската стабилност, како и со измени на постојната законска регулатива со коишто ќе се прошири инструментариумот на Народната банка.

На состанокот се разгледани и остварувањата на македонската економија во актуелниот период, ефектите од ковид-кризата и досегашните преземени мерки за неутрализирање на ефектите. Тимот на Светската банка се осврна на досегашните мерки на Народната банка, вклучително и на дадената можност за одложување на наплатата на кредитите и другите мерки за олеснување на финансискиот товар на кредитокорисниците, како и на прудентниот третман на кредитите за коишто се користат овие мерки за поддршка.

Kако што е посочено, овие мерки имаа клучна улога во ублажувањето на неповолното економско влијание на пандемијата, а на состанокот се разговараше и за важноста на внимателното димензионирање на мерките, за да се избегнат непотребни и несакани ефекти, како и за потребата од издржана излезна стратегија.

На состанокот Ангеловска-Бежоска и Паолучи искажаа решеност во претстојниот период и дополнително да се засили комуникацијата и соработката меѓу тимовите на двете институции.

Next Post

Шахпаска-Која: ОБСЕ е голем поддржувач на политиките за заштита на граѓаните од дискриминација и насилство

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

June 8, 2026

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk