ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Изложбата „Скопје, одново” ја раскажува историјата на колекцијата на МСУ – Скопје

На 18 ноември, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, ќе биде отворена изложба со наслов „Скопје одново“, која во фокус го става процесот на основањето на Музејот и на неговата исклучителна меѓународна колекција, со посебен фокус на американските уметници

November 13, 2019 14:50
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 18 ноември, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, ќе биде отворена изложба со наслов „Скопје одново“, која во фокус го става процесот на основањето на Музејот и на неговата исклучителна меѓународна колекција, со посебен фокус на американските уметници.

Изложбата „Скопје, одново“ е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје, а кураторки на изложбата се Ана Кац (кураторка во Музејот за модерна уметност во Њујорк – МоМА) и Кумјана Новакова (кураторка соработничка на МСУ – Скопје).

Во рамките на постановката ќе бидат изложени повеќе од 100 дела и архива поврзана со процесот на креирање на колекцијата и кореспонденцијата со авторите на делата. Така, за првпат, МСУ – Скопје ќе изложи дел од личната кореспонденција на авторите како Александер Калдер, Џаспер Џонс, Шила Хикс, Алекс Кац, Јон Григореску, Сол ЛеВит, Вифредо Лам, Мина Ситрон, Џеф Расел, Бриџит Рајли…

Изложбата „Скопје, одново“ ја обработува најголемата меѓународна акција на солидарност во уметноста организирана во октомври 1963 од Меѓународната асоцијација на пластични уметности, паралелно со глобалната кампања за реконструкција на градот Скопје, после земјотресот. Со подароците од автори од цел свет, МСУ – Скопје станува дом на единствена и исклучителна колекција на современа уметност во земјава. Најголем дел од делата ги потпишуваат водечки уметници на глобалната современа сцена во двете децении после земјотресот, што води и до основањето на МСУ во 1964 година. Полската влада во тоа време финансира тим на прогресивни млади архитекти, кои во 1970 година го градат објектот, кој денес е постојан дом за музејот.

Во таква една атмосфера на транснационална соработка и ентузијазам, преставена во извештајот на ООН од 1966 година под наслов „Скопје воскреснува“ (Skopje, Resurgent), МСУ развива и разновидна програма на изложби, меѓународни соработки и партнерства. „Скопје, одново“ ќе изложи и дел од архивскиот материјал кој сведочи за оваа важна позиција на МСУ – Скопје во тоа време. Со поттикнување на исклучителна отвореност и колаборативно работење, колекцијата и програмата на МСУ Скопје во 60тите, 70тите и 80тите сведочи за едно радикално космополитско, транснационално наследство на социјалистичка југоисточна Европа.

„Скопје, одново“ ќе понуди и отворена јавна програма која преку филмски проекции, работилници, предавања и водење низ изложбата ќе ги претстави и различните аспекти на изложените дела и архиви.

Јавната програма се развива во соработка со Кара Мејнс (кураторка во Музејот за модерна уметност во Њу Јорк – МоМА), програмата за уметничка критика со Кет Хариман (новинарка од САД која пишува за медиуми како Vice, Cultured), визуелниот идентитет и графички дизајн е на Елена Диновска Зарапчиев, а дизајнот на изложбата е на Ана Ивановска, Јован Ивановски и Владимир Десков.

Постановката во Скопје ќе биде отворена се до 18 февруари следната година.

Next Post

За три пати е зголемено производството на сончоглед

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk