ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Јапонците разработуваат теорија за долговечноста

Научници од институтот Рикен во Toкиo, Јапонија разработуваат теорија околу тоа – зошто луѓето што живеат над 110 години, доживуваат толку длабока старост

November 15, 2019 12:10
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Научници од институтот Рикен во Toкиo, Јапонија разработуваат теорија околу тоа – зошто луѓето што живеат над 110 години, доживуваат толку длабока старост, пренесува „Мирор”, презема МИА.

– Ако ја откриеме врската меѓу имуниот систем, стареењето и долговечноста, тоа може да придонесе за развој на терапии за продолжување на животот, изјави раководителот на истражувањето, Косуке Хашимото.

Со стареењето, ризикот од рак и други опаки болести се зголемува како резултат на намалувањето на имуните Т-клетки. Тие имаат својство да уништуваат бактерии и вируси, а кај стогодишниците ги има во изобилие.

Во рамки на овој труд, Хашимото и колегите негови испитуваат илјадници имуни клетки земени од крвта на седуммина стогодишници. Тие биле споредени со други, земени од петмина случајно одбрани доброволци на 50, до 80-годишна возраст.

– Добиените резултати наведуваат на претпоставката дека имуниот систем на столетниците може да биде клучна заштита од вирусни инфекции и развој на тумори, осигурувајќи една прекрасна долговечност. Тоа појаснува и зошто во повеќето случаи стогодишниците во голем дел од својот живот „пукаат од здравје, објаснува Хашимото.

Резултатите говорат оти еден посебен вид Т-клетки, наречени ЦД4 плус, се 4-5 пати повеќе присутни кај оние над сто години, отколку кај некои од помладите испитаници. Не се знае, сепак, зошто и како тоа точно го продолжува животот.

– Откритието може да доведе и до апче – еликсир на младоста, додава јапонскиот професор.

Канадски научници пак, анализирајќи случаи во САД, Велика Британија, Франција и Јапонија од 1968 година до денес, сметаат дека во иднина бројот на столетниците ќе се зголемува.

Next Post

На местото на старите и исушени јапонски цреши ќе бидат засадени нови

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk