Денес во населба Македонка во Штип е организирана и спроведена голема и координирана акција за сечење на многу стари и високи стебла во населбата.
Акцијата е спроведена во координација со Општина Штип и повеќе институции: ЈП Исар, ЈП Стипион, ТППЕ Штип (против пожарна единица) ЕВН, Телеком, Телекабел и приватните фирми ТиМ од Штип и Црн Камен 95 од Скопје. Оваа акција е спроведена по долгогодишните барања на граѓаните на населбата, бидејќи станува збор за многу високи дрвја кои надвиснуваа над станбените згради и претставуваа опасност за граѓаните.
Акцијата започна во раните утрински часови и сеуште трае. Општина Штип упати благодарност и до самите граѓани за соработката.
Симона М. Живкова