ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вмровски меѓународни скараџии

November 9, 2020 08:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

И повторно сме на истата позиција како години со ред: кога и да се појави меѓународен проблем што го решава „администрацијата“ на Заев – грчко вето, Преспански договор, НАТО, француско вето, бугарско вето… – опозицијата почнува да колне, да дречи, да сече вени, да прогнозира неуспех, национална катаклизма и предавство.

Сурија од разни „меѓународни величини“ од ВМРО-ДПМНЕ, кои ни омлет немаат направено во меѓународната политика, по телевизии, портали и на прес-конференции расправаат за мусаки, имам-бајалди, шатобријани („за четири особе“) и кордон-блеа, мислиш дека се шефови со по три мишелин ѕвезди за интернационалните кујни околу Македонија! А „експертизата“ и, уште повеќе, учинокот во меѓународната политика во биографиите главно им завршува на десетка со кромид или караѓорѓеви плескавици!

Ах, да, и половина од овие што ги судат од нивното бившо раководство имаат меѓународни оф-шор сметки по белосветски дестинации.

Кај сите овие дипломатски роштиљ-мајстори консензусот е дека Договорот со Бугарија бил погрешен, дека тие уште на времето „предупредувале“ и барале договор да нема, ама „криминалецот Заев“ не ги слушал и ја распродавал македонската славна историја за свои бизнис интереси. И дека сега треба да му се „одземе“ правото на Заев да го решава проблемот со Бугарија.

Небаре 120-те години на „решавањето“ на тој проблем кај ВМРО е добра препорака за ним повторно да им се препушти иницијативата во изнаоѓање ново „историско“ решение?

А, сегашниот став на официјална Бугарија е токму најголемиот демант на таквите тврдења: нашите источни соседи, во последен момент и со осамено европско вето, се обидуваат да го блокираат она што Европската Унија (а и целиот свет, од ОН, па надолу) недвосмислено го прифаќа за постоењето на македонскиот суверенитет, идентитет, јазик и пристојната, мала, но комплексна антифашистичка европска историја. Да беше поинаку, немаше да има потреба од ваква бугарска очајничка политика.

Дали ќе се реши проблемот со Бугарија?

Не знам. Но, ако се дојде до решение, тоа единствено ќе се направи по патот по кој – повторно – оди сегашната Влада: смирено и без хистерии да се мобилизира европската и американската поддршка, да се дадат дополнителни гаранции за смирување на бугарската (предизборна) возбуда, да се одигра дипломатска симултанка којашто ќе одземе време, но може да даде резултат. Ако не сега, за некој месец… Што било лесно кога е Македонија и соседите во прашање, во таа приказна нам ништо не ни паднало „од небо“?

Обратно од тоа би било ова што го бара опозицијата: наелектризирани собраниски дебати и декларации, утврдување „црвени линии“ (туф, туф!) и, по можност, на бугарскиот национализам, да одговориме со една јака доза на македонски национализам. Е, тоа сигурно ќе помогне да станеме членка на ЕУ!

Со други зборови, ситуацијата е доволно непријатна и без сегашните „мирудии“ што се обидува да ги додаде македонската опозиција во бугарски замешаната каша. ВМРО-ДПМНЕ, на својот недоветен меѓународно-политички начин, беше релативно коректна по темава во изминатите неколку години. Сега не е време на тоа да билда внатрешно-политички рејтинг – не за друго, може да им се случи повторно да си ги изгорат прстите на меѓународните теми важни за Македонија, бидејќи се потврдени „тапи“ за таа „проблематика“.

Тие ни за изборите во Штип немаат „стратегија“, што остана, пак, за односите со Бугарија.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Советниците на Бајден на разговори со производителите на лекови против коронавирусот

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk