ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќучук: Ако не успееме со Северна Македонија тоа ќе биде пораз и на Бугарија и на ЕУ

November 9, 2020 11:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку не се одржи првата меѓувладината конференција тоа ќе биде пораз за сите, и за Северна Македонија, но и за Бугарија и за самата Европска Унија, оцени бугарскиот европратеник и известувач за земјава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук во интервију за телевизја „Клан“.

Според него, граѓаните на Северна Македонија заслужуваат подобра иднина и членство во Унијата. Затоа тој смета дека историјата мора да ја преговараат историчарите, но политичарите се оние кои мора да внимаат на другите интегративни процеси.

„Германската канцеларка покажа дека силно ја поддржува европската интеграција на регионот. На Берлинскиот процес гледам како на олеснителен лост за решавање на проблемите. Голем поттик е што германското претседателство поттикнува ваква иницијатива. Ако не успееме, сите ќе бидеме губитници. Јас би рекол дека ќе биде тројна загуба. Загуба за Северна Македонија, загуба за Бугарија, но и загуба за Европската унија. Прво, загуба за Северна Македонија, бидејќи тие направија многу жртвувања кон европскиот пат на земјата. Би било загуба за Бугарија, бидејќи е соседна земја. Во Европската унија ни требаат сојузници и партнери кои го разбираат начинот на кој размислуваме. И, загуба и за кредибилитетот во Европската унија по толку големи чекори преземени од Северна Македонија“ изјави Ќучук.

Тој нагласува дека  Северна Македонија направи голем напредок во евроинтеграциските процеси.

„Јас сум оптимист затоа што Северна Македонија и Албанија навистина вложија големи напори да ги приближат граѓаните на земјата до Европската унија. Се разбира, останува уште многу да се направи кога станува збор за интеграциските реформи, но како известувач за Северна Македонија, искрено мислам дека од почетокот на годината се направени многу позитивни чекори. Изборите се одвиваа нормално, резултатот беше легитимен и владата беше формирана многу брзо по изборите. Претседателот на парламентот Џафери е подготвен да соработува со нас за дијалогот „Жан Моне“. Од многу гледни точки, политичарите од Северна Македонија покажуваат дека се подготвени за соработка и испраќаат позитивна проевропска порака до колегите од Европскиот парламент. Имав дискусија со министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој има волја да ги унапреди реформите за евроинтеграција. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат членство во Европската унија“ изјави Ќучук.

Според него, лидерите на двете земји треба да покажат политичка храброст пред своите граѓани.

„Ако ме прашате дали има ризици, секогаш постојат ризици. Потпишувањето на Договорот од Преспа беше ризик за обете страни. Потпишувањето на Договорот со Бугарија беше ризик, но сега е време да се погледне подлабоко и да се постави прашањето: Дали сакате да ги видите Западен Балкан и Северна Македонија во Европската унија? Дали сме навистина семејство? Ако отсекогаш сме велеле дека сме семејство, што правиме за семејството, како го штитиме неговиот интерес?“, прашува Ќучук.

Тој наведува дека постои разлика меѓу договорите со Грција и со Бугарија и нагласува дека пријателството со неговата држава е процес кој ќе трае подолго.

„Постои голема разлика помеѓу Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија. Договорот од Преспа беше  договор каде врските практично се раскинуваат, се прави разликата помеѓу двете цивилизации, додека Договорот за добрососедство со Бугарија е нешто сосема друго. Не очекуваме ништо. Почнуваме да го градиме нашето пријателство засновано врз историски факти. Ова ќе трае подолго време. Ова не е крај на приказната. Тоа е тековен процес. Ние може да се навратиме на проблемите од време на време, но ова е тековен процес. Да речеме дека Бугарија ќе се врати на прашањето за 5-6 години и другите земји ќе можат да ги решаваат ваквите прашања со земјите кандидати. Значи, ќе има многу можности за решавање на вакви теми во иднина. Не можеме да очекуваме историчарите да најдат лесен одговор на толку тешко прашање. Да се зборува за историја е секогаш болно. Но, професионалците нека си ја завршат својата работа, изјави бугарскиот европратеник и известувач за земјава во Европскиот парламент“ Илхан Ќучук за ТВ „Клан“.

Next Post

Рогожарска Поповска: Мандатот на сега избраниот градоначалник на Штип ќе трае до следните регуларни локални избори

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk