„Образованието е еден од главните механизми за промена на стереотипните размислувања, искоренување на родовата нееднаквост и дискриминацијата – најчестите причинители за насилство меѓу младите.
Ние сме цврсто решени да го искоренеме родово заснованото насилство во училиштата – институциите кои ги формираат идните генерации. Училиштето мора да е место во кое нашите најмлади ќе се чувстуваат безбедни и без страв ќе можат да го достигнат својот потенцијал. Им порачувам на сите деца да не молчат, секогаш кога имаат проблем да побараат помош. Заедно да се избориме против насилството!“. истакна Царовска во своето обраќање.