ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МАНУ: македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен и временски континуитет

November 15, 2020 20:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската академија на науките и уметностите објави Промеморија за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ која ја објавуваме во целост.

Имајќи ги предвид:

– Повелбата на ОН и универзалните придобивки кои произлегуваат од неа, посебно

член 1, став 2 кој го гарантира правото на самоопределување како темелно начело

на меѓународното право со еrga omnes статус;

– Лисабонскиот договор (член 2, став 3, алинеја 4) со кој се инсистира на почит кон

богатиот културен и јазичен диверзитет на Европа;

– Меѓунaродниот пакт за економски, социјални и културни права (1960) и

Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (1960) кои го реафирмираат

правото на сите народи на самоопределување како задолжително (jus cogens);

– Уставот на Република С Македонија кој во член 8 утврдува дека една од

темелните вредности е почитувањето на нормите на меѓународното право, а со

амандманите XXXV и XXXVI кон член 3 гарантира дека „Републиката го

почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност

на соседните држави“, како и дека „Републиката го штити, гарантира и негува

историското и културното наследство на македонскиот народ“;

Потсетувајќи дека:

– правото на самоопределување на народите е неразделно од државниот и

национален идентитет;

– македонскиот народ ја искажувал и ја докажувал научно посебноста на својот

историски, културен, јазичен, политички идентитет во континуитет, а особено во

текот на 19 и 20 век, во текот на својата борба за национално ослободување и

државно осамостојување, како и во рамките на македонската република во

составот на југословенската федерација (1945 – 1991), односно во рамките на

независна и суверена Република Македонија (1991 – 2019);

Повикувајќи се на:

– Промеморијата на МАНУ во врска со спорот околу името на Македонија од 2002

година;

– Декларацијата на МАНУ за македонскиот јазик од 5 декември 2019 година;

Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите ги поддржува

напорите на Владата на нашата држава за интегрирање во ЕУ, залагајќи се, притоа, за

почитување на:

– меѓународните повелби и конвенции од коишто произлегуваат и неотуѓивите и

суверени права на македонскиот народ на самоопределување, тесно поврзани со

неговиот државотворен статус и национален, историски, културен и јазичен и

номинален идентитет;

– резултатите од легитимните пописи на населението изведени во неколку наврати

во некогашната Федеративна Република Југославија (1948, 1953, 1961, 1971, 1981,

1991) и во Република Македонија (1994, 2002), кога Македонците по своја

слободна волја се изјасниле за припадници на посебен етнички и национален

ентитет;

– резултатите од двата референдума, во 1991 и во 2018 година, кои ја озаконија

свеста и волјата на македонските граѓани и на македонскиот народ и го

легитимираа нивното неприкосновено право на самоопределување и

самоименување;

– сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки,

современата светска славистика и лингвистика, современата светска историска

наука, и меѓународното право, според коишто:

македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и

просторен континуитет (македонските дијалекти постојат и надвор

од границата на денешна Македонија) и временски континуитет

(македонскиот јазик опстојувал повеќе стотици години);

македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет,

јазик, артикулирана свест за етнокултурната посебност, колективен

интегритет, почит кон традиционалните религиски институции и

наратив за припадноста на одреден географски и историски

простор;

– достоинството на македонскиот народ.

Next Post

Над 700 уапсени за време на протестите во Белорусија

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk