ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Mакедонски производи во „ЛуЛу“ водечкиот синџир на супермаркети во Катар

November 30, 2020 14:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската амбасадорка во Катар, Елма Алторок и директорот на еден од водечките катарски синџири на супермаркети „ЛуЛу Хипермакрект Катар“,  Мохамед Алтаф вчера во Доха потпиша Меморандум за разбирање за унапредување на деловната соработка при увоз на земјоделски продукти, месо и месни производи, ајвар и сирење од Северна Македонија во оваа држава во Персискиот Залив.

Како што објави весникот „Галф Тајмс“, со Меморандумот, нашата Амбасада во Доха се обврзува да овозможи воспоставување трговски врски помеѓу „ЛуЛу“ и потенцијални добавувачи на овие производи од земјава.

Во обраќањето по церемонијата на потпишување на Меморандумот, амбасадорката Алторок изрази задоволство од постигнатиот договор за промоција на македонски прехранбени производи во Катар, преку супермаркетите на „ЛуЛу“.

– Иницијативата има за цел да промовира и презентира широк спектар на традиционални стоки „Произведени во Северна Македонија“, истовремено раскажувајќи ја уникатната приказна за извонредната македонска кујна и храна. Веруваме дека ова е почеток на голема успешна приказна што ќе ни помогне да ја подигнеме свеста и почитта на локалниот пазар кон храната од Северна Македонија, нагласи Алторок.

Првиот човек на „ЛуЛу“ Алтаф изјави дека ова претставува прва можност за увоз на производи од Северна Македонија во Катар и нагласи дека неговата компанија е среќна што ќе може да промовира продукти од македонско потекло во оваа земја.

– Со задоволство ќе додадеме производи по потекло од Северна Македонија на нашите полици. Овој Меморандум за разбирање е само почеток. Ќе истражуваме се повеќе и повеќе линии на производи. Заедно ќе ги прошириме асортиманот и мислам дека ова ќе биде огромен поттик за Северна Македонија, „ЛуЛу“ и за Катар во однос на увозот, изјави Алтаф.

Согласно договреното, првите македонски производи што ќе се најдат на пазарот во Катар ќе бидат овошје и зеленчук, месо и месни преработки, пред се јагнешко, како и ајвар, сирење и здрава храна.

Според Алтаф, овие „уникатни производи“ имаат за цел да ја презентираат македонската историја и наследство во Катар.

– Поради нивната уникатност и вредност, тие ја претвораат традицијата во луксуз. Имаме намера на нашите партнери и клиенти да им понудиме разни видови врвни производи од Северна Македонија. Што е најважно, овој договор ќе обезбеди основа за поголема економска соработка меѓу нашите деловни сектори и дополнително ќе ги подобри веќе одличните односи и пријателство што постојат меѓу нашите земји на сите нивоа, додаде Алтаф. /МИА/

Next Post

„Мириам-Вебстер“ го прогласи „пандемија“ за збор на годината

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk