ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Караџовски-докторите не се виновни за големиот број на жртви од ковид 19, комплетно од нула да се подготви нов Изборен законик, смета Дерала…

December 1, 2020 18:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Деркоски: Изборите не претставуваат кластер за ширење на вирусот.  И покрај предизвиците од пандемијата тие избори на некој начин добро ги организиравме“, истакна Оливер Деркоски, претседател на ДИК на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“ во организација на ЦИВИЛ во склоп на Фестивалот на слободата.

Дерала: Kомплетно од нула да се подготви нов изборен законик, закон кој се менува повеќе пати не може да биде добар закон. ЦИВИЛ во изминатите 4 години само, од тие 12 од кои набљудуваме, 131 медиумски содржина преку 100 различни аспекти, стручни мислења, имаме сериозни елаборирани препораки за изборниот модел, изборниот законик…

Сарачини: Сегашниот изборен модел претставува нееднаквост. Tреба ДИК да ги зајакне капацитетите, секако дека е сложен процес, луѓето кои учествуваат во изборната администација се избираат преку ждрепка, но во секој случај треба да се направи да се зголемат нивните вештини да се справат со секакви вештини“, истакна Петрит Сарачини, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“.

Д-р Караџовски: Докторите не се виновни за големиот број на жртви од ковид 19. „Дел од пациентите доаѓаат доцна во болница, а дел починуваат во други услови, но, тоа не е до докторите. Голем дел од нив доаѓаат со ниска сатурација.Неспорно е дека имаме висока стапка на смртност од ковид -19 кај нас, но, анализите за ова ќе се прават по завршувањето на пандемијата во светот“, објасни д-р Караџовски.

Влада: Протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија. Овој протокол, како што соопшти владината прес-служба, го уредува медиумското присуство на јавни настани, односно обврските кои организаторот треба да ги преземе за да обезбеди безбедна и непречена работа на медиумските работници, а воедно и на сите присутни.

Владата го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија…Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.

Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба…Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на 20 ноември што трае до 19 декември.

Царовска: Повеќе од 90 проценти од учениците се вклучени во онлајн-наставата. Според министерката за образование, моделот на настава што е избран во нашата земја во овој момент покажува одлични резултати.

 Загрижувачка ковид слика во регионот – рекордни 221 смртни случаи во Бугарија за еден ден, Словенија на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи. Според статистиката на школата Оксфорд Мартин, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од коронавирус, со просечен број од 23,23 пациенти на милион жители.

Во Порторико се урна голем радио телескоп. Во Порторико се урна огромен радио телескоп, кој со децении имаше клучна улога во астрономските откритија, соопштија порториканските власти.

Во Србија рекордни 7.999 новозаразени со коронавирус, 48 починати. Ова е најголем број на тестирани и заболени од коронавирус од почетокот на пандемијата.

Герапетритис: Оној кој ќе се вакцинира ќе избегне тестирања при патувањата. Додаде дека се очекува во Грција, во текот на декември да стигне првиот дел од вакцините и во јануари да започне масовната вакцинација, а приоритет ќе имаат здравствените работници и ранливите групи граѓани.

Фаучи ги повика граѓаните „да бидат дел од решението“ и да се вакцинираат.„Кажете си дека нема да бидете личноста преку која вирусот ќе помине на друга личност, запрете го пренесувањето на Ковид-19“, напиша Фаучи на Фејсбук.

И.Т.З.

Next Post

Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk