„Јасно е дека во однос на целата жива уметност, не трпиме многу удари од аспект на креативност, не постои тежок период кој не се преживеал, па да се збори за истиот, не мислам дека сме загрозени на долг рок. Јас очекував повеќе активности и вклучување од институциите“, изјави Ирена Стеријовска на панел дискусијата „Општеството во пандемија, изведувачките уметности на раб на опстанокот“ во организација на ЦИВИЛ.
„Институциите некако ни заспаа, мислам дека требаше од нив да се очекува некакви иницијативи, во ниту една институција како театар не им текна да направат, на пример, аудио читање на книги за слепи лица.
Независните групи и организации повеќе борба и отпорност покажаа од аспект на целата криза.
Отпорност кон кризата што ни се случува повеќе ја почувствував во независниот сектор, тоа е добро бидејќи кажува дека уметниците се сè уште живи и имаат потреба да креираат и се надевам дека оваа фаза полека ќе почне да олабавува.
Најзагрозени се луѓето кои не се вработени во институција и преживувале од буџетите на независните проекти, генералниот консензус на театарот е дека не смееме да престанеме да работиме.
Во иднината треба да работиме да ја вратиме публиката во нашата практика“, додаде Стеријовска.