ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

На кривиот стап на историјата

December 13, 2020 17:41
in ZOOM IN, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

 

Во 2009 или 2010 година бевме со сопругата на одмор во Агиос Јоанис.

Можете да стигнете до гратчето преку планината над Волос или да одите по работ на полуостровот Пелион.

Местото е на брегот на Белото море, под густа шума од костени. Испресечена со ретки бели куќи и мали населби. Како бел вез на големо зелено платно. Планината фасцинира и кога се гледа од морето и кога се освојува во потрага по јагнешко печење. Или во обична прошетка. Плажите се постелани со растурени ѓердани разиграни монисти. Во најразлични бои. Белата ја надвладуваат благите кремасти нијанси. До црни гранитни топчиња ишарани со педесет нијанси сива. Ниту е песок, ниту шљунак. Без прашина. Чист легнуваш, чист стануваш.

Владее апсолутна тишина.

Нема никакви звуци.

Од кафеаните не се слуша музика.

Многу необично за Грција.

Нема птици, нема гуштери, нема змии, нема комарци и муви, таков впечаток носам, дозволувам дека фасцинацијата ме блокирала во некои погледи и чувства.

Нема скутери да пискаат од морето.

Малите бротчиња не се слушаат кога одат на отворено море, ниту кога се враќаат од риболов.

Неверојатно.

Професорот Грчев на одење ми рече, Тричко, тоа е место што Грците се уште не го откриле за својот  масовен туризам, а на странците им е некако отсечено од главните правци. На Србите им е далеку, на Бугарите исто, за Македонците да не правиме муабет.

Неизвалкано велелепие.

Точно тоа што сакам, си реков и тргнавме на пат.

За време на мојот престој во септември бројот на туристите беше помал од бројот на демонстрантите на вмро против цената на глупоста, струјата, водата, куровата слава, зелката, што годе, десет години потоа.

Во куќата на ридот во која најдов слободна соба и во уште две три наоколу, како собарки работеа две сестри Бугарки. Убави девојчиња на по дваесет и пет-шест години. Беа очигледно одомаќени зашто се гледаше дека со години доаѓаат тука и од мај до октомври вадат по некое евро за живот и студии во Софија.

Јас бев со џипот што по пет години ќе ми го запали македонската држава која во меѓувреме беше приватизирана и демонтирана од страна на  злосторничкото здружение на вмро.

Така што оставав впечаток на солиден муштерија.

Најмалку.

Од муабетите што со газдата ги водевме на слабиот англиски, и мој и негов, разбрав, дека тој е многу критички настроен кон ситуацијата во Грција, кон олигарсите и фамилиите кои ја опљачкале, ми делуваше како радикален левичар, но туристичкиот бизнис со кој се занимаваше, малку ги поткопуваше идејните основи на неговите позиции.

Нејсе.

Првиот ден, гледајќи во мојот џип, тој и рекол на Тања, така се викаше нашата Бугарка:

Тањичка, лепото, ни дошле гости од Србија, имаме туристи од Скопје, не!?

Да, господине, рекла Тања, од Скопје се, но тоа не е Србија, тоа е Бугарија!

Ова за мене беше најфасцинантниот дијалог кој и најточно и најлажно, и најпрецизно и најискривено, го дефинира, не македонскиот идентитет, туку погледот врз македонскиот идентитет во очите на околните Балканци. Со големи дози на искреност и потценување, на ожалостување и црпење на некоја чудна сила за својата супериорност и достоинство, работи кои по сите други основи некој им ги имашен земено или беше оставил да им ги земе, да им ги смачка. Гркот тоа ми го потврдуваше секој ден опишувајќи го својот живот  со многу потемни бои од летните нијанси на туристичкото рентиерство, а Тања со својот статус кој беше таков каков што беше и покрај нејзиното уверување дека Скопје е во Бугарија.

Тања беше сиромашна Бугарка која не можеше да врзе крај со крај.

Немав впечаток дека освен што му се продава, на Гркот и му се подава.

Тој беше во количка.

Во фантазиите ми доаѓаше да гледам возбудливи сцени, но потоа си префрлував дека сум без почит кон хендикепот на човекот. Обаче, само некој миг подоцна се смирував во уверувањето дека моите фантазии, кои можеби се реалност, се однос каков што треба да се има кон сексуалноста на хендикепираните. Ако сексот не е вајнштајнски, се разбира. Во што се сомневав и пак се враќав на првобитниот став.

Јас си реков, Тричко, ќе си го ебеш одморот ако фатиш на газдата и на Тања да им објаснуваш дека Скопје не е ниту во Србија, ниту во Бугарија, туку во Македонија, знам многумина кои влегувале во кавги со сопствениците на апартмани и паркинзи, хотели и ресторани по Халкидики, човекот ќе ми рече дека можеби Скопје не е Србија, но Македонија е Грција, дури и ако Скопје е во Бугарија, и решив да бидам добродушен и кон девојката и кон Гркот, да, да, им реков, така е, зависи од која страна се гледа и отидов долу да го намокрам своето српско-бугарско-македонско дупенце.

Скопје не е во Србија, Скопје е во Бугарија.

Ова не е државна агресија, ниту проекција на санстефанска Бугарија, ова е општонародно простодушие, нешто со што обичниот Бугарин прво се раѓа пред да почне во школите да учи дека генот му е океј.

Петнаесет години пред да одам во Агиос Јоанис, поминав четири години во Софија на позицијата истурен претставник на класичниот македонизам, доста строго критички настроен кон бугарските позиции во однос на Македонија. Тогаш нивниот министер, Тодоров, мислам дека се викаше, го покрена прашањето за јазикот кое потоа се обидоа да го решат Глигоров и Желев, и потоа Георгиевски со својот колега, Костов, мислам дека беше, без успех, се разбира, мислам на славната формулација за јазикот според уставот итн.

Друго ми е зборот.

Бугарската позиција кај сите нејзини официјални претставници и во сите нејзини неофицијални застапници, каква што беше Тања од Агиос Јоанис, не е доминантно прашање на  државната агресија, туку е пред се културолошко прашање. Ние во Македонија страдаме од вишок бугарска љубов, таа работа не се разбива со ништо, освен, можеби, со време. Македонецот е за обичниот Бугарин страдалник кој имал несреќа да падне под Србите. Да биде оттргнат од прегратките на мајка си. И има потреба од грижа, солидарност и помош од Бугарија и од сите Бугари. Особено што на Македонија и даваат одреден митски, аристократичен карактер, најважна боја во бугарската историска легитимација.

Ние сме, односно сме биле и треба да бидеме, привилигирани Бугари.

Блокадата е рефлексија на тие видувања, одмазда кон најсаканото чедо кое не додржало да си остане со родот.

Истото тоа е и политиката на вмро-дпмне: одмазда за асном, за востанието, за државата, за нацијата, за се македонско што не е бугарско.

Смртта на Македонија е одмазда поради невозвратена љубов.

Што е особено глупаво со оглед дека мртвиот нема шанса да се врати ниту оној што го убил има шанси да го разубеди.

Фасцинантна е таа фиксација, отсуството на какво и да  е влијание на времето, на настаните, на процесите, субјектите, умирачките, раѓањата…

Бугаринот е фосилизиран во својот став за Македонија.

Фосилизиран е и Македонецот.

Во ставот дека македонизмот е антибугаризам или, во поблага форма, дефинирачка различност.

Сакам да укажам на состојби кои се подлабоки од државните односи.

Не знам колку ваква една промена во перцепцијата може да помогне во надминување на актуелниoт спор, но мислам дека нема да има штета од ширењето на таа вистина.

Македонскиот поглед е прилично стиснат, еднодимензионален е и признава две работи: агресија врз основа на санстефанската платформа и искупување за жртвите кои Бугарија ги нанела не само во текот на втората светска војна.

Првата работа која треба да се направи е историјата да не им се остава на историчарите, тие строго ограничени, функционални, инструментални, тупави и, главно, шовинистички типови.

Второ, треба да се напушти тезата за заедничката историја за сметка на тезата дека историјата во сите варијанти кај спротивстaвените страни е тешко срање.

Тоа е производот на нивното постоење.

Луѓето се незадоволни како производ на сопствената историја.

Историјата е срање од аспект на поединецот.

Само лудаци можат да седнат на една маса и да расправаат чиj бил Самоил.

Или Гоце, сеедно.

Тоа е расправа за историјата независно од луѓето, а тоа е против луѓето.

Македонската позиција е проблематична не во постоењето туку во тоа дека не е во состојба да се издигне над тоа ниво на расправата во која доминираат класичните елементи во кои е таа е најслаба.

Кавгата и блокадата не се знак на супериорноста на бугарската страна, туку потврда дека смислата на историјата, како рaзвој од помалку вредното кон повеќе вредното, тука не важи.

Бугарија се елиминира себе си како стадиум кон кој треба да се стремиме.

Обратно, се формулира како нешто од што треба да се бега.

Хахаха.

А и македонската позиција е трагична, се разбира.

Триесет години ние се арчиме на темата за идентитетот.

Во судир со Грците, со Бугарите, со Србите, со Албанците…

Секоја будала од надвор ќе рече овие мора да се мртви, но не,  ние не се даваме.

Од што, повторно, се извлекува заклучок дека сме на прав пат.

Курац фини сме на прав пат.

Не најкривиот курац сме.


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

May 14, 2025

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk