ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Состојбата е стабилна, но и натаму критична, славењето може да почека, здравјето не

December 15, 2020 15:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата со короната е стабилна, но и натаму е многу критична со оглед на бројот на заболени и хоспитализирани. Слободни кревети има во континуитет, а факторот на преносливост е под еден по извесен период. Но, тоа не треба да не опушти и не смееме да си дозволиме еден поинаков пристап доведе до влошување на ситуацијата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче кој заедно со премиерот Зоран Заев порачаа годинава одговорно да се празнува.

На заедничката прес-конференција на која ја промовираа кампањата „Празнувај одговорно“, министерот Филипче соопшти дека во просек минатата недела се лекувале 1300-1400 пациенти и оти бројот на слободни болнички кревети е константен и има околу 150 на ниво на држава секој ден.

Со цел да не ескалира состојбата, новите мерки на Комисијата за заразни болести се ограничување на работата на угостителските објекти до 18 часот, забрана за организирање новогодишни настани на плоштадите, забрана за организирање предновогодишни прослави од страна на компаниите, укажување на верските заедници да не повикуваат на масовни собири за време на престојните верски празници. Останува и препораката да нема собири дома и во викендичките и се апелира до граѓаните да го ограничат движењето по 18 часот доколку немаат неодложна потреба.

– Ова е еден сериозен сегмент кој останува на свеста на граѓаните. За жал, нема друг механизам и не може да следи забрана тука бидејќи интегритетот на домот е загарантиран со Уставот. Потребно е сите заедно да бидеме одговорни за важноста на овие мерки и да не дозволиме убавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени. Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките и да мислиме на своето и на здравјето на нашите најблиски. Славењето може да почека, здравјето не, порача Филипче.

На денешната прес-конференција тој информираше дека во фаза на поставување се и модуларните болници. Во Гевгелија веќе е завршена инсталацијата, а следува поставувањето во Штип, Битола, Струга, Кичево, Струмица.

Next Post

Први масовни доброволни тестирања во Словенија од следната недела

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk