ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се бара решение со Бугарија, за јазикот и идентитетот не се преговара

December 15, 2020 17:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш презентираше делови од нон-пејперот со Бугарија, одговарајќи на новинарско прашање за барањата на опозицијата поврзани со разговорите со Софија. Премиерот оцени дека опозоцијата во земјава во многу аспекти е неразумна, и нагласи дека за идентитетот и за името не се преговара што било потврдено повеќе пати и од страна на Бугарија.

-Опозицијата во многу аспекти е неразумна. Ја гледам овие денови колку е неразумна. Прво беше  да не го продадеме идентитетот, јазикот и слично. Сега е зошто не сме се договориле со Бугарија. Оваа неразумност нема свои крај. Уште еднаш транспаретно потврдувам дека се работи за нон-пејпер, документ за размена на идеи, рече Заев.

Досега, според него, се правени десетина пати вакви документи.

-Внатре содржи што значи долгото, што значи краткото име на државата. Транспаретно ги кажувам сите работи…дека краткото име не предизвикува територијални претензии спрема Бугарија и дека нема никакви аспирации за други територии надвор од политичкиот субјект Република Северна Македонија. Немаме територијални претензии према никој од соседите.Дополнително делегираме второто право на заштита македонското небо на Бугарија. Третиот дел е дека нема да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија или на која било од земјите, вклучително и со малцинските права затоа што тоа е меѓународно регулирано. Како ќе се справиме со омразата што се создаде од двете страни, рече Заев, додавајќи дека се посочени идеи и примери за тоа

Потоа нон-пејперот содржи и тоа како би се усвоил Акциониот план на меѓувладина конференции, од областа на спортот, младите, на здравството, на културата, на образованието, на инфраструктурата, итн, итн.

-Тоа се тие идеи за коишто сме разговарале и ќе продолжиме да разговораме веројатно во периодот што претстои. Наша намера е да продолжиме да разговараме со Бугарија. Секогаш ќе ги користиме сите можности и механизми за разговор за вака непријатен проблем што се случи пред нашата земја. Некои викаат треба да ја оставиме историјата на историчарите, јас целосно се согласувам историјата на историчарите, политиката на политичарите, но истовремено е важно што правиме со сегашноста, што правиме со иднината. Таа историја што денеска ја пишуваме кој е одговорен, кој е за неа одговорен, тоа се политичарите. Затоа продолжуваме насочено, јас, премиерот Борисов, министерот Османи, министерката Захариева, Димитров, Каракачанов, и сите што сме вклучени да бараме решение, пред се, создавајќи пријателски пријатни услови за кога тоа да се случи, ако е возможно час поскоро да се случи, рече премиерот Заев.

Според него, секое одлагање на решението е навистина испишување и на сегашност и на иднината и за Република Бугарија и за Сверна Македонија, и за македонскиот народ и за бугарскиот народ.

-А дека сме македонски народ и дека нашиот јазик е  македонски јазик никаде не е спорно и за тоа не се преговара. Впрочем и бугарската страна тоа го потврдува многу често и многу јавно. А историјата се согласувам треба да ја оставиме на историчарите, повтори Заев.

Next Post

„Гласен текстилец” бара ССМ да каже кој е најнискиот износ за исплата на К-15

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk