ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шентоп: Злоупотребата на членството за решавање билатерални проблеми не соодветствува со основните вредности на ЕУ

December 20, 2020 13:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Злоупотребувањето на членството во Европска Унија во насока на решавање на билатералните проблеми не соодветствува ниту со основните вредности врз кои се заснова Унијата, ниту пак со духот на добрососедство, оценува во интервју за МИА претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, кој утре и задутре ќе престојува во дводневна посета на Северна Македонија.

Шентоп во интервјуто за МИА што наскоро ќе го обавиме во целост, меѓу другото се осврнува на пречките со кои веќе неколку децении се соочува Турција на патот кон ЕУ, како и на актуелната блокада од Бугарија на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

– Процесот на ЕУ на Турција започна со потпишувањето на Договорот за асоцијација со Европската економска заедница во 1963 година и доби импулс со аплицирањето за полноправно членство во 1987 година. Односно, станува збор за процес кој трае повеќе од половина век. Во овој период постоеле добри и лоши периоди, но европската визија на Турција никогаш не пропаднала. Воедно, и почитуваниот Претседател, г-динот Реџеп Таип Ердоган во една своја неодамнешна изјава истакна дека „себе си не се гледаме на друго место, туку во Европа, и нашата иднина замислуваме да ја градиме заедно со Европа“. И јас би сакал да повторам дека и покрај сите потешкотии, ја чуваме целта за полноправно членство во Европска Унија. Секако дека во оваа насока следуваат значајни задачи и на Европска Унија, истомерно со Турција. За да се надмине актуелниот магичен круг во односите Турција-Европска Унија и да се постигне напредок, некои земји задолжително треба да ги тргнат на страна неправедните наметнувања и нивните предрасуди и да престанат целосно да и ги наметнуваат своите политики на Унијата. И во односите Северна Македонија-ЕУ станува збор за иста ситуација. Не треба да останат незабележани заложбите на Северна Македонија која вложува максимални напори за членство во Европска Унија, вели Шентоп.

Истакнува дека европската визија на Турција никогаш не пропаднала, цитирајќи изјава на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Турција себе си не се гледа на друго место, туку во Европа, и дека иднината замислуваат да ја градат заедно со Европа.

Со потполна искреност, потенцира Шентоп, го поддржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ и очекуваме успешно да се заокружи овој процес.

-Ние како Турција со потполна искреност го поддржавме членството во НАТО на Македонија. Како држава имавме многу значајни пријателски иницијативи во рамки на НАТО. Минатата година лично следејќи го овој процес и давајќи му предност на НАТО протоколот на Македонија во Големото национално собрание на Турција, за кратко време го ратификувавме истиот. Државата Турција, секогаш беше до Северна Македонија, ќе продолжи да биде и во иднина, рече Шентоп.
Во контекст на ЕУ, тој како што кажа, верува дека недоразбирањата помеѓу нашата земја и Бугарија може да се решат врз основа на добрососедски односи и дипломатија.

-Не постои нерешлив спор за општествата кои со векови на Балканот споделиле слични култури, песни, јадења, радости и таги. Од друга страна, нема да згрешиме ако кажеме дека Турција во неколку наврати се соочува со сличен проблем. Особено Грција и Франција, во изминативе години актуелизирајќи ги своите агенди и нивните спорадични проблеми со Турција во агендата на ЕУ, измислуваа неразумни изговори за да ги запрат преговорите за членство на Турција и отворањето на нови поглавја. Кога на ова ќе се додаде и Грчката администрација на јужен Кипар, која ги игнорира кипарските Турци, не пристапува кон траен мир и решение за островот Кипар и која токму поради оваа причина воопшто не требајќи да биде прифатена во Унијата, се направи членка на ЕУ, може да кажеме дека и Турција се соочува со слична блокада, вели претседателот на Големото национално собрание на Турција.

Земјите кои ги споменал, потенцира тој, го злоупотребуваат нивното членство во ЕУ со цел да ги наметнат своите желби и решенија, но она што не го разбираат е дека „Турција е земја која има тежина во регионот и светот, земја која преку потфатите во последниот период ја зголеми областа на влијание, и земја која е доволно моќна да ја имплементира својата агенда и политика“.

-Нема да подлегне на ничии уцени или наметнувања. Затоа, земјите кои се обидуваат да и ги наметнат своите желби на Турција треба да престанат со тоа и безусловно да се вратат на преговарачката маса, истакна Шентоп во интервју за МИА.

Зборувајќи за ситуацијата во Турција со Ковид-19, претседателот на Големото национално собрание на Турција, рече дека имајќи ги предвид социјалните, економските и политичките рефлексии на пандемијата, може да се каже дека таа предизвика многу повеќе од само „здравствена криза“.

-Веќе на сите ни е јасно дека доколку не се спроведе ефикасна и паметна битка со пандемијата, истата има потенцијал да причини деструктивни и тешко опоравливи социјални, економски, хумани и политички проблеми. Што се однесува до воведувањето на карантин, јасно ни е дека краткотрајниот и долготрајниот карантин кој го опфаќаат целото општество, е еден од најефективните методи во борбата против пандемијата. Во таа насока треба да се вреднува и четиридневниот карантин за Нова Година, кој е дел од „контролираниот социјален живот“. Несомнено оваа мерка ќе допринесе во намалувањето на бројот на починати и завршувањето на пандемијата во најскор рок, рече претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп во интервјуто за МИА.

Next Post

Заев од Претор: Обезбедени првични 80 милиони денари за ревитализација на Преспанско Езеро, заштитата на природното богатство е приоритет

НАЈНОВО

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk