ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери-Шентоп: Турција и понатаму останува силен поддржувач на интегрирањето на Република Северна Македонија во ЕУ

December 21, 2020 15:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република  Турција, кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија со група пратеници. На средбата присуствуваа потпретседателите на Собранието, Горан Мисовски и Фадил Зендели, претседателот на Пратеничката група за соработка со Собранието на Турција, Бејџан Илјаз и генералната секретарка Цветанка Иванова, информираат собраниски извори.

Претседателот Џафери изрази задоволство од повторната посета на претседателот на Големото национално собрание на Турција, која се совпаѓа со одбележувањето на 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик. Тој оцени дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција се на највисоко ниво и се одвиваат по нагорна линија, особено на политичко, економско и културно ниво, а добрите и пријателски односи меѓу двете земји се пресликани и во плодната парламентарната соработка.

Претседателот на Собранието се заблагодари за континуирана поддршка што Република Турција ѝ ја дава на Република Северна Македонија, пред сè на полето на одбраната, внатрешните работи и членството во НАТО. Тој информираше за најновите настани во врска во европската интеграција, изразувајќи надеж дека наскоро ќе бидат надминати разликите и ќе се пронајде начин да се отвори патот на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп истакна дека Република Северна  Македонија има особено значење за Република Турција, нагласувајќи дека Турција го подржуваше секој нејзин чекор на меѓународен план. Тој нагласи дека, односите меѓу Турција и Северна Македонија добиваат нова димензија по членството на земјава во Алијансата, каде што продолжуваме да соработуваме како сојузници. Турција и понатаму останува силен подржувач на интегрирањето на Република Северна Македонија во Европската унија.

Претседателот Шентоп се осврна на претседавањето на Република Турција со Процесот за соработка во Југоисточна Европа и информираше за претстојните парламентарни активности во рамките на турското претседателството. Воедно, упати честитки за полноправното членство на нашата земја во Организацијата на Црноморската економска соработка.

Претседателите на двете собранија разменија мислења за последиците, начините и мерките за справување со пандемијата со КОВИД-19 и функционирањето на парламентите под посебни заштитни протоколи. Претседателот Џафери ја поздрави солидарноста на Турција во борбата со пандемијата и се заблагодари за добиените турски донации со помош за справување со здравствената криза.

Претседателите Џафери и Шентоп изразија задоволство што меѓусебната трговската размена не се намалила за време на пандемијата, што покажува дека економските односи се засновани на солидна основа. На средбата стана збор и за борбата против тероризмот и поддршката што парламентите ја даваат на владите на овој план.

Соговорниците изразија заложби за понатамошно унапредување и зајакнување на соработката во сите полиња и надеж за продлабочување на одличните меѓупарламентарни односи.

Next Post

Зимски фестивал на книгата во ТРИ

НАЈНОВО

Почна аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026: Рокот е до 15 ноември

November 1, 2025
Фото: МИА

Предизборен молк пред вториот круг: Денеска гласаат болни, затвореници и изнемоштени лица

November 1, 2025

Само 10 отсто жени во трката за градоначалничко место во првиот круг, во вториот круг само три кандидатки

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk