ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поднесено обвинение против поранешниот директор и тројца вработени од Централниот регистар

September 18, 2019 20:01
in ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против порнешниот директор на Централниот регистар Андреја Поповски за злоупотреба на службената положба и овластување, како и против тројца вработени за кои се сомничат за помагање.

“Првообвинетиот кој бил директор на Централниот регистар во периодот од 16 декември 2014 година до 29 мај 2017 година, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа, иако таа цело време воопшто не доаѓала на работа, туку била ангажирана за партиски активности на една политичка партија. Со тоа, на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, соопшти ОЈО.

Останатите тројца обвинети – раководителка и две советнички од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар, се обвинети дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.

На овој начин била нанесена штета на буџетот на институцијата во износ од 824.837 денари по основ на исплатени плати, а за вработената била прибавена корист и на штета на Фондот за здравствено осигурување во износ од 344.283 денари. Со ова вкупниот износ на нанесената штета изнесува 1.169.120 денари.

За четирите обвинети лица на сила се мерки на претпазливост претходно определени од Основниот кривичен суд Скопје, а на првообвинетиот во текот на кривичната постапка му е определена и гаранција во износ неколкупати повисок од штетата за која се товари.

Во овој предмет, како што денеска соопшти Јавното обвинителство, донесена е и наредба за запирање на истражната постапка против едно лице – раководител на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје, бидејќи во текот на истрагата не беа утврдени докази дека со умисла сакал да му помогне на првоосомничениот да ги прикрие дејствијата на злоупотреба.

Next Post

Царовска: Со поддршка на мобилните тимови 15 деца од улица се вклучија во образование

Discussion about this post

НАЈНОВО

Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk