ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

11 Минути

September 21, 2019 06:43
in АХА!
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: РИБАРО

– Лозарите од кавадаречко го блокираат патот Прилеп – Велес во знак на протест. За многу брзо време од добивањето на информацијата за незадоволството на лозарите и блокирањето на патот, пристигнува Министерот за земјоделие и бара лозарите да му ги кажат нивните барања. Ниту еден од присутните на блокадата не знаеше кои се нивните барања.

Аха, лозарите блокираат пат во знак на протест, но причината за протест и кои се нивните барања, остануваат непознати и за јавноста и за министерот.

По нашето инсистирање, рекоа да причекаме 11 минути да ги состават барањата. Ги чекаме тие 11 минути од вчера пладне, но ветените барања не ни се доставени за да ви ги предочиме. Ок, ќе причекаме по 11 минути уште неколку дена. Секако е викенд, шо. Во меѓувреме, дојдоа од партискиот штаб на дпмне и нѐ обвинија дека ние од „Аха“ си играме со добрината и трпението на овие работливи луѓе и дека ги притискаме во многу краток рок да ни ги напишат тие барања. Краток рок ли е 11 минути да ги чекаш три дена?

– Членот на преговарачкиот тим за законот за ОЈО на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски, обвинува за бруталност (им биле ставени лисици на рацете), при приведување на Боки 13 и Кичеец?

Аха, член на правниот тим од ДПМНЕ говори за бруталност при приведување?

Она што не го виде Панче, е тоа што Боки, освен лисици на рацете, беше пречекан и со букет цвеќе од полицајците. Цели 11 минути траеше припремата на раскошниот букет што на граничниот премин го приготвуваа ревносните полицајци. Единствената бруталност која се случи тој ден, беше таа што, кога полицијата пријде со букетот, инфлуенСерката Лила – придружничката на Боки, остана разочарана зашто мислеше дека букетот е наменет за неа. Правда за Лила!

За букетите и изненадувањата на специјалците со кои, во време на владеењето на дпмне, беа пречекани Кежо, Брат Љубе, Велија и други, екипата на „Аха“ спрема посебна епизода.

– Бујар Османи лично со автомобил одел по институции и гледал дали таблите се двојазични.  Видеото од таквото рандеву со снимателот, решил да го сподели на социјалните мрежи

Екипата на „Аха“ реши да го прогласи Бујар, за почесен член на „Аха – Академија за сатира“.  Бујар, човече, 11 минути се премалку за да се прераскаже твојата бескрајна досетливост. „Аха“ во знак на респект кон ова дело, реши да ги самоцензурира сите спремни асоцијации од типот – Бујар кај знамињата во Зајас; Бујар ги руши дивоградбите од Нефи кај Чинарот; Бујар во клинч со градоначалникот на Сарај, за платформите на Матка; Бујар со Мерко на раскурцувањето за Ауди-то… Исто така, решивме да дадеме свој придонес и да му ја платиме казната што Бујар ја доби од полицијата за разговарање на мобилен при управување со возило и преминување на две полни линии. Бујар, ми те волимо!

– Миле Јанакиески, за 4 крупни предмети имал распит во тогашното ЈО на Марко Зврлевски, а распитите за сите четири дела траеле вкупно (вистински) 11 минути – изјава на адвокатот Тортевски во 24 Анализа.

Аха, значи единаесет минутен распит е фарсата која сакаат да ни ја наместат како реприза овие од бившиот режим, а пак тие истите, веќе сега биле „зрели“ да предлагаат и одберат јавен обвинител? Екипата на „Аха“ за овој настан, остана без коментар.

Наредните 11 минути вчудоневиденост, ви ги оставаме вам.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 
FRONTLINE.MK 


Сите права се задржани. Преземањето е дозволено само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Со генерализации и спинови ВМРО-ДПМНЕ бербати сѐ што сработи СЈО

Discussion about this post

НАЈНОВО

Во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

October 25, 2025

Објава на Захарова, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

Скопје Air Fair во Градски парк

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk