ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се демантира уште една од низата теории на заговор на ДПМНЕ

Наспроти сите усилби на пропагандата Мицкоски, Милошоски и останатите од партијата, да ја прикажат судската власт како зависна од премиерот Зоран Заев, и претходно, и со најновите одлуки на Обвинителството и Судот, паднаа во вода сите тапани на ДПМНЕ...

September 21, 2019 08:41
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Судската власт демантира уште една од низата теории на заговор на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател Христијан Мицкоски, кои се нивна алатка за напад врз судската и извршната власт. Неколку денови по ред, партијата на Мицкоски и неговите функционери ја бомбардираа јавноста со теории на заговор дека премиерот Зоран Заев преку наводна контрола врз судската власт, ќе ја спаси Катица Јанева.

Антонио Милошоски и целата партија, неколку пати најавија дека, наводно, Заев вршел влијание за да се пушти Катица Јанева од притвор и сето тоа во договор со судството и обвинителството. Но, на крајот, иако постоеле правни и законски можности, па дури и парична гаранција, иако сите основи беа елиминирани, судот, сепак, ја остави Јанева во притвор, а со тоа паднаа во вода сите тапани на ДПМНЕ.

Судија на претходна постапка ја одби понудената гаранција од Катица Јанева за укинување на притворот, а одлуката е донесена откако Обвинителството за гонење на организиран криминал дало негативно мислење. Со ова се докажа дека ниту судот, ниту обвинителството, не примиле и не спроведувале никакви и ничии наредби.

„По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован“, известуваа од Кривичниот суд.

Одлуката на судот е донесена иако, според адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска, веќе нема основи заради кои беше донесена првичната одлука за притвор.

„Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрежување од СЈО и од ОЈО Гевгелија“, изјави Фрчковска.

Како гаранција биле понудени становите на ќерката и синот на Катица Јанева во вредност од околу 160 илјади евра, како и уште еден стан што е во сопственост на човек од нејзиното потесно семејство.

Арбен Зеќири

Next Post

Премиерот Заев ја предводи владината делегација на Генералното собрание на ОН

Discussion about this post

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk