Работните групи по само половина час ги прекинаа преговорите за новиот закон за Јавното Обвинителство.
Во еден краток неофицијален брифинг и министерката Рената Дескоска и пратеникот Антонио Милошовски рекоа дека потребни се дополнителни партиски консултации околу разликите кои биле истакнати и на лидерската средба.
Откако ќе се консултираат во матичните партии, групите ќе се вратат на преговори за да ги „испеглаат“ разликите и евентуално да се постигне договор. Пред започнување на преговорите двете страни влегоа со оштри обвинувања.
Министерката Дескоска рече дека е повеќе реалистка отколку оптимистка, но имајќи предвид со кого преговара нема големи очекувања. Од друга страна, Милошовски возврати дека имајќи ги предвид изјавите на премиерот Заев за челници на ДУИ и покрај тоа што се договориле за Предлог-закон, цени дека не држи образложението на Дескоска.
Тој повтори дека чекаат исполнување на ветувањето на Заев дека по две години владеење ќе дозволат Јавен Обвинител по предлог на опозицијата.
Арбен Зеќири