На денешната средба, грчкиот премиер Мицотакис му признал на македонскиот премиер Заев дека, додека бил во опозиција, бил остро против Преспанскиот договор и дека работел против неговата ратификација. Сепак, по неговата ратификација, рекол грчкиот премиер, Преспанскиот договор е дел од меѓународното право што значи дека Грција ќе го почитува, јавуваат грчките медиуми.
Ова признание на Мицотакис е уште еден сигнал дека Преспанскиот договор е во корист на Северна Македонија, инаку не би имало причина премиерот на Грција да биде против договорот и неговата ратификација.
Мицотакис побарал од Заев да се спроведе Преспанскиот договор во целост и навремено, особено во доменот на трговските марки.
Според извори од македонската влада, Мицотакис, на оваа прва средба со нашиот премиер, ја изрази својата поддршка за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и беше потенцирано дека доследната и навремена имплементација на Договорот од Преспа е клучна за унапредување на односите и обезбедување на европската перспектива за Северна Македонија.
На средбата беше заклучено дека унапредувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и директните инвестиции се од взаемна корист за сите граѓани од двете држави.
Џ. Д.