ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Училиштата ќе применуваат дигитална алатка SELFIE, како и во 35 други земји низ светот

September 24, 2019 17:00
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Информација за вклучување на училишта во иницијативата за саморефлексија при користење на дигитална технологија во образовниот процес – употреба на алатката SELFIE е усвоена денеска на седница на редовната седница на Владата.

Алатката веќе се употребува во 35 земји низ светот и е изработена од Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија (Joint Research Centre – JRC).

Називот на алатката SELFIE е всушност кратенка од Self-reflection on Effective Learning by Fostering the use of Innovative Educational Technologies и е дизајнирана да ги имплементира дигиталните технологии во процесот на учење, предавање и оценување.

Со помош на истата, може да се забележат што напредува добро, каде се потребни исправки и развој и кои треба да бидат приоритетите. Во моментов, алатката е преведена на 24 јазици на земји-членки на ЕУ.

Со помош на SELFIE, анонимно се врши преглед на тоа како учениците, наставниците и претопставените на училиштата ја користат технологијата. Самата алатка ги покрива раководењето, инфраструктурата, работата на наставниците/професорите, како и дигиталната способност на учениците.

Оценувањето трае 30 минути. Прашањата се поделени во групи. На пример, учениците си бираат прашања според она што го изучуваат, наставниците според она што го предаваат и според нивната практична настава, а претпоставените ги пишуваат плановите и целосната стратегија. Според ова, SELFIE ќе генерира извештај.

Бенефитите од оваа алатка се тоа што е бесплатна, го вклучува целиот образовен систем и ги детектира слабостите.

Министерството за образование  и наука треба да достави информација за процесот на пилотирање и планот за примена на национално ниво на SELFIE алатката до крајот на октомври годинава.

На владината седница е усвоена и Информација за вклучување на Меѓународната организација на трудот и дополнување на Меморандумот за соработка за обезбедување ефикасна и координирана соработка во спроведување на заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во земјава во периодот до 2021 година.

Извор: МИА

Next Post

Прилепски „Комуналец“ доби ново возило за собирање и транспорт на рециклирачки отпад

Discussion about this post

НАЈНОВО

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk