ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска промовирана за „жена амбасадор на дигитална трговија“ на УНКТАД

УНКТАД е тело на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој

September 25, 2019 11:53
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска синоќа во рамки на 74. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк беше промовирана како една од првите „жени амбасадори на дигитална трговија“ во светот.

Ова исклучително и уникатно признание, соопштија од Министерството за финансии, на Ангеловска и го врачил Мукиза Китуи, генерален секретар на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој. Покрај Ангеловска, уште шест жени претприемачи од целиот свет ја добија оваа титула од УНКТАД.

https://www.facebook.com/1210695949075919/posts/1844633335682174/

„Неискористениот потенцијал на жените ширум светот претставува голема загуба за нашите економии. Синергијата на дигиталната технологија и трансформативната моќ на претприемачкиот дух кај жените, може да придонесе кон намалување на сиромаштијата во ниско развиените земји и земјите во развој и забрзување на економскиот раст“, истакна министерката Ангеловска.

Таа посочи дека признанието кое го добива претставува голема чест, но и голема одговорност за неа – да ги инспирира и охрабри жените да го искористат својот потенцијал, да бидат амбициозни, да преземат иницијатива, да ја искористат моќта на технологијата и да го направат светот подобро место за живеење.

„Потребен ни е потенцијалот на жените, знаење, грижа, водство и технологија за да го направиме овој свет попаметен и подобар за сите“, посочи министерката Ангеловска.

Ангеловска е единствена претставничка од Европа која е прогласена за „жена амбасадор на е-трговија“. Покрај неа, која ова признание го добива како соосновачка на Grouper.mk, првата дигитална платформа за е-трговија од овој тип во Република Северна Македонија, другите избрани „амбасадори на е-трговија“ се: Ксиаофеи Јао од Кина, основачка и извршна директорка на Rogrand, Клаудија де Хередиа од Мексико соосновачка и оперативна директорка на Kich-nik, Хелианти Хилман од Индонезија, основачка и извршна директорка на Javara, Назанин Данешвар од Иран, основачка и извршна директорка на Takhfifan и Кларис Ирибагица од Руанда, основачка и извршна директорка на DM.HeHe.

Иницијативата преку која УНКТАД ги избра „жените амбасадори на дигитална трговија“- „Е-трговија за жени“ има за цел да го поттикне економскиот раст и да ја намали сиромаштијата во земјите во развој комбинирајќи ги придобивките од технологијата и претпримништвото кај жените. Преку нивното долгогодишно искуство во дигиталната трговија, седумте избрани глобални амбасадорки, треба да помогнат во спроведување на целите за одржлив развој на ОН промовирајќи го користењето на технологија во служба на економскиот развој.

Извор: МИА

Next Post

Дескоска: Сè уште се прават обиди да се постигне консензус за законот за ЈО

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk