ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕВН ја промовираше платформата за дигитално учење

Системот за управување со учењето (Canvas) е предвиден да им помогне на наставниците да воведат иновации во подучувањето, а учениците да постигнат подобри резултати. Со него се овозможува поефикасно и поефективно образование кое истовремено е и привлечно за учениците од секој можен аспект

September 25, 2019 18:43
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕВН ја промовираше платформата за дигитално учење што ќе ја користат учениците од ЕВН паралелките во Скопје и Гостивар. Првпат во дуалното образование се воведува ваквиот начин на учење што ќе го подигне нивото на образование. Платформата е презентирана пред членовите на Европската алијанса за практикантство, министерот за образование и наука Арбер Адеми и други учесници на четвтиотот Регионален семинар за едукација за земјите кандидати.

„Се заблагодарувам на компанијата ЕВН и на училиштето „Михајло Пупин“ за сето тоа што досега го направија за учениците, што континуирано се заложуваат за создавање што подобри и поквалитетни генерации, преку постојан влог во наставата, во мотивацијата на учениците преку стипендирање и обезбедување можности за вработување, како и преку вложување инфраструктурните услови“, рече Адеми.

Како плод на оваа соработка, како што рече Адеми, станува достапна уште една новина, нова е-платформа за управување со учење (Канвас) која е широко прифатена во светот и која ја унапредува дигиталната средина за учење.

Системот за управување со учењето (Canvas) е предвиден да им помогне на наставниците да воведат иновации во подучувањето, а учениците да постигнат подобри резултати. Со него се овозможува поефикасно и поефективно образование кое истовремено е и привлечно за учениците од секој можен аспект.

„Бевме првите кои храбро влеговме во промоцијата на дуалното образование и сега сме први во воведувањето на модерните технологии за едукација на нашите ученици, изјави на промоцијата претседателот на Управниот одбор на ЕВН“, Штефан Петер.

Рече дека нивна цел е европските стандарди за едукација да бидат дел од македонското образование.

„Среќни сме што ќе можеме на младите да им ги овозможиме најдобрите услови за едукација, развој и вработување. Се надевам и другите ќе го следат примерот со што дигиталниот свет ќе стане нераскинлив дел од образовниот процес“, рече Петер.

Платформата за управување со учењето е создаден со цел зголемување на можностите на наставниците и поголема вклученост на учениците, со што им овозможува основа за понатамошно самостојно развивање, пристап кој го применуваат институциите ширум светот. Дигиталното учење е дел од Проектот „20-20-20“ преку која ЕВН во електротехничките училишта во Скопје и Гостивар формираше кабинети и тренинг центри за едукација на електро-монтери и електро-техничари кои по завршувањето на нивното образование и практикантската работа во ЕВН ќе добијат понуди за работа во компанијата.

извор МИА

Next Post

Меѓународен семинар за албанологија на Универзитетот во Тетово

Discussion about this post

НАЈНОВО

Фото: МИА

Љупка Цветанова добитничка на првата награда на вториот Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025

До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk