ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

September 16, 2025 10:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2025 година изнесува 80 отсто (од максимално можни 100 отсто), исто колку што изнесувала и минатата година, покажува редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност што го објави Центарот за граѓански комуникации.

Во рангирањето се вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Индексот покажува дека активната транспарентност на министерствата и Владата е намалена во однос на лани и изнесува 84 отсто, а лани била 86 отсто, а оти општините го задржале истото ниво на активна транспарентност како и лани, односно 79 отсто. Дури 44 проценти од опфатените институции ја влошиле својата активна транспарентност (лани се влошиле 19 отсто од институциите).

– Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 проценти активна транспарентност, а резултатот од 100 проценти годинава го освои и новоформираното Министерство за дигитална трансформација. Кај општините, за разлика од лани кога дури пет општини го делеа првото место со 100 отсто активна транспарентност, годинава на ова место се задржаа само две – Кавадарци и Кичево, се вели во соопштението од Центарот за граѓански комуникации.

Меѓу регионите, трета година по ред на првото место се наоѓа Источниот Регион (со иста активна транспарентност како и лани од 88 отсто). На последно место, со намалена активна транспарентност во однос на лани се наоѓа Полошкиот Регион (со 71 отсто активна транспарентност, која лани 73 отсто.

Најмалку информации, и министерствата и општините објавуваат за финансиите (министерствата 58 отсто, а општините 59 отсто од можни 100 отсто).

Огромно уназадување има кај одговорите по барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, што им беа испратени на сите институции во ист ден и со исто прашање, велат од Центарот. Општините одговориле во просек за 21 ден (лани за 15 дена), а министерствата одговорија за 23 дена (лани за 14 дена). Инаку, крајниот законски рок е 20 дена.

Само 54 проценти од институциите одговорија во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена (лани тоа го сториле 71 отсто од институциите).

Tags: активна транспарентностЦентарот за граѓански комуникации
Next Post

Шукова: Ангелов со силеџиската изјава за  Ромите го открива вистинското лице на власта

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk