ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Дерала: Жените се подеднакво агресивен носител на машката доминација над жените

Дерала смета дека фокусот не треба да биде во обидот да се внесат што повеќе мажи, туку да биде колку и како можеме да ги донесеме сите луѓе, што можат да бидат едуцирани, свесни и активни граѓанки и граѓани што во борбата за родова еднаквост ќе се вклучат како неделив дел од тоа што преставува заложбата за човекови права и слободи

September 26, 2019 16:31
in ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Мислам дека не треба повеќе да зборуваме како повеќе мажи да внесеме во сферата за борба за родова еднаквост, додека не почнеме да зборуваме како да внесеме повеќе жени во таа борба. Односно да ја урнеме границата меѓу родовите и на тој начин да им пристапиме на човечките битија кои се освестени и ги гледаат човековите права и слободи во нивното единство“, изјави Џабир Дерала на панел дискусијата “Улогата на мажите во родова еднаквост” во организација на Националниот демократски институт.

Дерала смета дека фокусот не треба да биде во обидот да се внесат што повеќе мажи, туку да биде колку и како можеме да ги донесеме сите луѓе, што можат да бидат едуцирани, свесни и активни граѓанки и граѓани што во борбата за родова еднаквост ќе се вклучат како неделив дел од тоа што преставува заложбата за човекови права и слободи.

„Ќе кажам нешто што моите другарки феминистки често го повторуваат: жените се подеднакво агресивен носител на машката доминација над жените. И токму тука треба да најдеме начин да го пресликаме, условно кажано, во двата антагонизирани пола и таму да најдеме начин да интервенираме“, смета Дерала.

Парафизирајќи ја американската писателка и феминистка Маргарет Мид, дека не треба децата да ги учиме што да прават, туку да размислуваат, Дерала потенцираше дека децата разликите ги учат уште од мали во градинка и дома, розевата боја е женска, сината боја е машка.

Панел дискусијата се одржа  во рамки на Неделата за  женски права и родова еднаквост. Говорници беа и  Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација; Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Собрание на РСМ, Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби и Даниела Рангелова,  претседателка на Комисијата за еднакви можности во Собранието на Република Северна Македонија.

Биљана Јордановска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk