fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Потребна поголема поддршка од мажите и заедничка борба со жените за родова еднаквост

Недела на женски права и родова еднаквост

September 26, 2019 13:45
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

За остварување на родова еднаквост потребно е поголемо единство помеѓу жените во борбата што ја водат, поддршка од мажите во таа борба, отстранување на сите стереотипи во општеството, и спроведување на заложбите и мерките во пракса, се генералните оценки на конференцијата „Улогата на мажите во родовата еднаквост“ што ја организира Националниот демократски институт во рамки на Неделата на женски права и родова еднаквост. 

Борбата за еднакви права на жената, смета министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, треба да се гледа низ призмата на општествената борба за човекови права. Потребно е, вели, менување на конзервативните и традиционални општествени ставови кои често се полни со стереотипи.

Според него, потребна е заедничка борба и на мажите и жените, но и што поголемо единство на жените во барањето на она што природно им припаѓа. Тие, вели, треба да се свесни дека никој ништо нема да им даде, доколку не побараат.

„Исто така, потребно е и сите залагања да се конкретизираат во мерки, кои ќе предвидуваат или донесување нови закони, или ребаланс на буџет за обезбедување средства со цел тие залагања да се реализираат“, рече Манчевски.

Претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите Даниела Рангелова се согласува дека борбата треба да е заедничка, но како што рече, пред се е потребно да има меѓусебна поддршка, поголема вклученост и отстранување на пречките кои меѓусебно си ги поставуваат, за што, како што рече, има голем број примери.

Исто така, вели Рангелова, потребна е и поголема храброст на жените кои имаа можност да покренат некои прашања, и први да се приклучат кон иницијативите кои се покренуваат, што, рече, најчесто не е случај.

Рангелова рече дека покренала иницијатива во Собранието за 50 процентно учество на жените на изборните листи, а најмала поддршка добила току од пратеничките од поголемите партии кои прво рекле дека треба да видат дали има партиска согласност за тоа прашање.

Граѓанските организации главно ги делат овие ставови. И за нив стереотипите во општеството се исто така голем проблем на чие решавање треба да се работи. Борбата, посочуваат, треба да биде заедничка и постојана. Тие стереотипи понатаму се генератор на проблемите. Истакнуваат дека каква било иницијатива или предлог полесно ќе помине ако има поддршка од помал број повлијателни мажи, отколку од многу поголем број жени. Ова, велат, се работи кои можат и мора да се надминат, со цел да се постигнале родова еднаквост.

Извор: МИА

НАЈНОВО

Судбината на Ерменците е најдобар доказ колку вреди безбедносниот чадор на Москва!

September 27, 2023
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Нанапред накај ЕУ или наназад во USB крим изолација

September 27, 2023

Орден за слобода од лидерот Зеленски за нашиот Дерала, или „култура на спори рефлекси“

September 27, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Николоски го загубил УСБ-то, паразитот од Градски стадион главен осомничен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК усвои мерки за ограничување на употребата на микропластиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Груевски како полуден генерал, ги расцепи Мицкоски и Николоски како детелинка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Груевски: Ако им одговорам на Мицкоски и Николоски ќе се чудат што ги снашло

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германија следната година ќе ја намали помошта за бегалците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk