Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 28.09.2019 во времето од 6 до 24 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Санкционирани се 20 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 45 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 24 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 28/29.09.2019 во времето од 23 до 5 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 28 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 26 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.
Вчера во период од 14 до 24 часот санкционирани се четири возачи на мотори, а откриени се и 33 останати прекршоци за кои се издадени 19 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.