Новак Ѓоковиќ е трет според бројот на поминати недели како лидер на АТП ранг листата.
Ноле и покрај поразот во Токио, денес ја почна 271 седмица на првото место, со што го потисна „челичниот“ чешки тенисер Иван Лендл, кој 270 недели беше на врвот.
Швајцарецот Роџер Федерер е засега неприкосновен. Федерер на пол-позицијата на АТП листата мина рекордни 310 недели, а втор е Американецот Пит Сампрас со 286 недели.
извор: МИА