ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Заев: На Референдумот, со 610.000 гласа ЗА, граѓаните испратија силна порака дека се за ЕУ и НАТО

„610 000 граѓани гласаа “За” од излезени 667 000 вкупно гласачи. Прво, таква бројка од 610 илјади граѓани ниту една партија не добила. Тоа беше силна порака од граѓаните, како што е и денеска пораката преку 80% за ЕУ и НАТО од страна на граѓаните дека треба  нашата држава да продолжи во тој пат. Јас жалам што и тогаш, но еве и денеска, опозицијата не го дава прилогот во делот на крупните политички одлуки“ - изјави премиерот Заев за Фронтлајн.

September 30, 2019 15:03
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Една година по Референдумот за поддршка на Преспанскиот договор, Фронтлајн му постави прашање на Премиерот Зоран Заев: „Каде бевме, а каде сме сега, една година по Референдумот?“

„За мене е значаен ден заради тоа што еве една година, кога беа фокусите на јавноста и сите очи вперени во референдумското прашање, во излезеноста на референдумот, во успехот на референдумот и слично, сите бевме свесни зошто е важен овој референдум. Овој референдум и тогаш беше важен и еве после една година констатираме и зошто бил важен, заради двете најголеми стратешки цели на државата, а тоа е членството во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

После една година еве сме на портите да бидеме 30 земја членка на НАТО. Останаа уште 7 земји да ја завршат ратификацијата, верувам дека навремено тоа ќе се случува, очите ни се вперени во Шпанија заради изборите коишто се закажани на 10 Ноември, но знаеме дека тоа е извесно и ќе бидеме 30-та земја членка на НАТО.

Но, севкупната дебата и фокус истовремено паралелно е насочен на престојната одлука на Европскиот совет кој што, конечно, како што реков, после 15 години треба да ги отвори вратите, односно, да донесе одлука за добивање на датум за почеток на преговори, отварање на поглавјата, отварање на паралелните структурни кохезиони фондови коишто ќе значат една позитивна трансформација на целото наше општество кон европско општество. 610 000 граѓани гласаа “За” од излезени 667 000 вкупно гласачи.

Прво, таква бројка од 610 илјади граѓани ниту една партија не добила. Тоа беше силна порака од граѓаните, како што е и денеска пораката преку 80% за ЕУ и НАТО од страна на граѓаните дека треба  нашата држава да продолжи во тој пат. Јас жалам што и тогаш, но еве и денеска, опозицијата не го дава прилогот во делот на крупните политички одлуки. Таа го даде својот прилог во делот на носењето на законите коишто беа важни во европската реформа, а се составен дел на извештајот од ЕУ. Но, ниту г-нот Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ, не дадоа прилог. Водеа строго партиско-политички цели без разлика на интересот на државата.

Донесовме храбри одлуки од коишто благодетите граѓаните веќе ги чувствуваат, а допрва ќе ги чувствуваат со исполнување на овие две стратешки цели“ – изјави Премиерот Заев за Фронтлајн.

Јане Ѓорѓиоски
камера: Атанас Петровски

Next Post

Референдумот за поддршка на Преспанскиот договор беше успешен, наспроти црната пропаганда и лошите прогнози

Discussion about this post

Shortcut

Најново

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk