ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во првото тримесечје преку МојДДВ скенирани 22.670.713 фискални сметки

Со воведувањето на МојДДВ, Управата за јавни приходи се потруди секој граѓанин кој ги исполнува условите да може непречено да го оствари правото на поврат

October 1, 2019 14:08
in TECH FRONT, ЕКОНОМИЈА

Вчера заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ што се спроведува согласно Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица. Од воведувањето на мерката досега регистрирани се 170.378 корисници на апликацијата МојДДВ, скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е промет од 11.423.978.620 денари, вкупен ДДВ 1.241.434.628 денари, додека повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 186.215.194 денари, односно 3.028.000 евра, информира Управата за јавни приходи (УЈП).

„Ги известуваме граѓаните дека согласно Законот, средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември 2019 година ќе им бидат исплатени на нивните трансакциски сметки до крајот на декември 2019 година. Натаму ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември“, соопшти УЈП.

Од УЈП изразуваат задоволство од досегашната реализацијата на МојДДВ и додаваат дека податоците покажуваат оти мерката ги исполнува целите за кои е наменета – ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува неформалната економија.

„Со воведувањето на МојДДВ, Управата за јавни приходи се потруди секој граѓанин кој ги исполнува условите да може непречено да го оствари правото на поврат. Покрај апликацијата МојДДВ што е достапна за преземање на паметните телефони преку Google play store и Apple store, обезбедивме и киоск апараи во секоја организациска единица на УЈП, како и бар код читачи преку кои граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ, може да ги скенираат своите фискални сметки.Три месеци сме во одлична соработка со граѓаните кои редовно пријавуваат нерегуларности поврзани со фискални сметки на линијата 198, а нивните сугестии значително помогнаа во унапредувањето на функционалноста на МојДДВ“, посочуваат од УЈП.

На корисниците на МојДДВ сега им е достапна и веб апликацијата МојДДВ https://mojddv.ujp.gov.mk/  преку која граѓаните може да го проверат износот на повратот што ќе им биде исплатен на нивната трансакциска сметка, а имаат и можност за повлекување на фискални сметки што се скенирани погрешно.

„Со цел навремено и точно информирање на граѓаните за законските одредби, начинот на функционирање на апликацијата МојДДВ како и друга поддршка, Управата за јавни приходи креираше база на одговори достапна на веб страна на УЈП и директна комуникација преку mojddv@ujp.gov.mk и info@ujp.gov.mk каде граѓаните редовно добиваат одговори и информации за МојДДВ“, посочуваат од УЈП.

Најавуваат дека во наредниот период Управата  ќе излезе со целосна анализа и податоци за мерката МојДДВ преку која, потенцираат, ќе се видат придобивките и во однос на намалувањето на сивата економија по нејзиното воведување.

Извор. МИА

Next Post

Тајкан, електричниот убавец на Порше - Видео

Discussion about this post

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе ја спаси Македонија од новото задолжување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk