ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ѓукановиќ: Северна Македонија ја научи лекцијата и треба да добие сатисфакција од меѓународната заедница

Важно да ја поддржиме Северна Македонија на тој пат. Тоа е пат без алтернатива кога станува збор за стабилноста на регионот и економскиот и демократски просперитет, рече црногорскиот претседател.

October 2, 2019 14:50
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ја научи лекцијата од минатото и реално е да добие целосна сатисфакција од меѓународната заедница преку отворање преговори со ЕУ, што се очекува да се случи овој месец, и преку официјалниот прием во полноправно членство во НАТО.

Ова го порача претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ на заедничката прес-конфернција со претседателот Стево Пендаровски во Скопје, на која истакнаа дека се согласиле оти е непходно ЕУ да го препознае моментот и конечно овој месец да донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија, затоа што нема поголема движечка сила за државите од евроинтеграцијата.

-Важно да ја поддржиме Северна Македонија на тој пат. Тоа е пат без алтернатива кога станува збор за стабилноста на регионот и економскиот и демократски просперитет. Македонија од познати причини во 2008 година на Самитот во Букурешт го изгуби чекорот по кој претходно сигурно чекореше во процесот на  интеграцијата, но ми се чини дека некои лекции се правилно научени. Во меѓувреме е направен сериозен напредок и денес е реално да се очекува Северна Македонија да добие целосна сатисфакција пред се преку два потега на меѓународната заедница. Првиот е отворање преговори со ЕУ,  што очекуваме да се случи овој месец и вториот официјалниот прием во НАТО, рече Ѓукановиќ.

Оцени дека нема стабилност на регионот без негова целосна интеграција во ЕУ.

-Ние ја третираме Македонија веќе како дел од НАТО, но формалностите мора да се завршат. Прашање на време е само дали тоа ќе се случи во декември или месец – два подоцна. Северна Македонија веќе го обезбеди своето место вп НАТО и тоа го сметаме многу важно за внатрешната сигурност на земјата и за регионалната стабилност. Не треба да има двоумење и за почетокот на преговорите со ЕУ зашто мислиме дека е време за нова динамика во процесот на проширување, истакна црногорскиот претседател.

Ѓукановиќ смета оти нестабилноста по која за жал се препознава Балканот е последица на долгогодишното заостанување во поглед на економскиот и демократскиот развој. Одговорот на проблемите, според него, треба да биде интеграција и усвојување на европските вредности и европски квалитет на живот. Црна Гора се труди да биде таков пример, веќе е членка на НАТО и лидер во преговарачкиот процес со ЕУ, рече Ѓукановиќ.

Оцени дека Скопје и Подгорица имаат треадиционално добри односи уште од времето на заедничката држава кои продолжуваат и денес.

Претседателот Пендаровски на прес-конференцијата потенцира дека двете земји се определени за европско и евроатланско обединување, за исполнување на агендата на Берлинскиот процес и за други формати на регионална соработка.

-Односите меѓу Скопје и Подгорица се развиваат во духот на најдобрата соработка. Црна Гора беше меѓу првите земји што го ратифиуваа Протоколот за членство во НАТО. Двете земји имаат добри односи и споделуваат заеднички надворешно-политички приоритети, изјави Пендаровски.

Двајцата претседатели разговарале за регионална соработка, при што оцениле дека двете земји и регионот ги поврзува заедничко минато, но уште повеќе заедничка иднина.

Посетата на Ѓукановиќ е прва посета на шеф на странска држава на Скопје по изборот на Стево Пендаровски за претседател на државата.

Извор: МИА

Next Post

Заев: Да ги употребуваме ненасилните акции – дипломатијата, дијалогот и моќта на аргументите

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk