ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Боки 13 бара укинување на притворот поради лоша здравствена состојба

За здравствената состојба на Боки, неговиот адвокат на судот му достави и медицинска документација

October 3, 2019 13:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, заедно со неговиот адвокат Сашо Дуковски, денеска во Апелацискиот суд во Скопје на јавна седница побараа укинување на мерката притвор, укажувајќи на неговата лоша здравствена состојба.

За здравствената состојба на Боки, неговиот адвокат на судот му достави и медицинска документација.

Дуковски нагласи дека осомничениот секој втор ден се носи на клиниката за торакаларна хирургија за да прима терапија и да се интервенира, како и дека според мислењето на професорот лекар кој го третира во болница, тој треба да биде хоспитализиран.

Јовановски неговата  состојба ја опиша како животно загрозувачка и наглаи дека два пати е неуспешно опериран.

– Покрај ова што го наведов за двете неуспешни операции со лекарска грешка е утврдено дека нерв од желудникот ми е пресечен, утврдено е и дека имам некаков проблем со белите дробови. Имам и четири дијагнози утврдени кои се однесуваат на кичмениот дел. По многу од укажаните упатствија на лекарот за примање терапија, условите каде се наоѓам не го дозволуваат тоа. Она со што сакам да ве запознаам е дека тоа што немам физички проблем и што можеби изгледам добро не ја отсликува мојата здравствена состојба која е животозсгрозувачка. Јас во оваа постапка треба да бидам жив и здрав, а не мртов, рече Боки 13.

Притворот на Боки 13 е по три основи и тоа, поради можноста за влијание на сведоци, за повторување на делото и поради опасност од бегство.

Боки 13 во однос на опасноста од бегство, посочи дека ниту неговиот ментален склоп, ниту поврзаноста со семејството, ниту неговиот лик и дело укажуваат дека ќе бега.

– Најважната работа е тоа дека јас живеам за докажување на вистината на овој случај, на својата невиност. Свесно кажувам дека сум тука целосно со сите мои сознанија, факти и докази да учествувам во фер кривично-правна состојба, изјави Боки 13.

Извор: МИА

Next Post
Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски формира тим на стратешки соработници

Discussion about this post

Најново

Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk