Силвестер Сталоне и Долф Лундгрен повторно се здружија, сега заради ТВ-проектот „Интернационалец“ (The International), којшто е во фаза на претпродукција.
Се работи за едночасовен политички трилер во режија на Сталоне, а со Лундгрен во главната улога, како преговарач и таен агент. Проектот е на ТВ мрежата Си-би-ес.
Кен Санзел ќе го пишува сценариото и ќе биде извршен продуцент.
Засега, како скоро сигурна, е договорена само пилот-епизодата.
Сталоне и Лундгрен петходно заедно глумеа во „Роки 4“, „Крид 2“ и во серијалот филмови „Платеници“ (Expendables).
извор: МИА