Берни Сандерс, претрпел срцев удар, потврди неговиот тим.
Сандерс (78) вчера ја напуштил болницата во Лас Вегас, се чувствува одлично и со нетрпение очекува да се врати на работа.
Лекарите информираа дека неговата состојба е стабилна. Долгогодишниот сенатор од Вермонт имал блокада на артеријата и успешно му се вградени два стента.
Сандерс бил примен во болница во вторникот откако за време на предизборен собир се пожалил на болка во градите и побарал лекарска помош.
Тој ги прекина јавните настапи, но планира да им се приклучи на останатите 11 кандидати во Охајо каде на 15 октомври ќе се одржи следната демократска претседателска дебата.
извор: МИА