fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бочварски: Штип е на прав пат, градиме брана на Отиња, водоводи и нов стадион

По 11 години тепање на студенти, затварање на медиуми, сега СДСМ се грижи за граѓаните, со одговорни, а не со популистички политики, ги решава најтешките проблеми наследени од минатото и води грижа за секој денар на граѓаните, рече Бочварски

October 5, 2019 18:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На прав пат е државата, Штип е на прав пат, рече претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ и градоначалник на Штип Благој Бочварски, денеска на трибината на СДСМ „На прав пат“, пред Штипјани, кој е дел од кампањата „На прав пат“ на партијата.

„По 11 години тепање на студенти, затварање на медиуми, сега СДСМ се грижи за граѓаните, со одговорни, а не со популистички политики, ги решава најтешките проблеми наследени од минатото и води грижа за секој денар на граѓаните, рече Бочварски, додавајќи дека Општина Штип е светол пример како работите успешно се враќаат во колосек и покрај долгогодишната стагнација и потснување на сите развојни потенцијали“, рече Бочварски.

Тој истакна дека пред две години кога станал градоначалник сметката на општината била празана, а денеска работите се многу поинакви.

„Кога доаѓавте во Штип, дојдовте по модерен автопат со кој Штип се поврза со Скопје но и со Европа, преку нов влез во градот, осветлен со лед светло, тротоари и урбана опрема. Тука е изграден и новиот кружен тек на булеварот Гоце Делчев, кој го решава сообраќајниот метеж и сообраќајните незгоди пред електротехничкото училиште…..Иградена е нова обиколница и за прв пат по 65 години во Штип се гради мост на реката Брегалница, кој е финансиран со еден милион евра средства на општината….Во налсебата Сењак во финална фаза е изградбата на детската градинка, која треба да биде готова во декември годинава и на 1600 квадратни метри, ќе прими 200 дечиња, со што Штип ќе стане првиот град кој целосно ќе го реши проблемот со сметување на дечиња во градинките“, изјави штипскиот градоначалник.

Општината само за една година, како што реле Бочварски, во само едно јавно претпријатие заштеди 10 милиони денари и со нив ја намали цената на водата за пиење за 10% за Штипјани, а наместо една жалба врба како во Скопје, изграден е водовод во населбата Балканска , кој чини 300 илјади евра, и со кој граѓаните од тој дел на градот за прв пат добиваат чиста и здрава вода за пиење.

„Реконструирани и во фаза на градба се 16 километри локални улици и патишта, преку 10 километри водоводи и канализации, инвестирани се над 20 милнои денари во училиштата и градинките. Изградени се 10 рекреативни зони, а ќе се гради стадион по стандардите на ФИФА 3, со над 5.500 седишта, кој ќе може да ја прими македонската фудбалска репрезентација“, потенцира градоначалникот.

Бочварски со задоволство ја најави реализацијата на сонот на Штипјани изградбата на браната на реката Отиња.

„Ова е вистинскиот пат, ова е правиот пат, ние тргнуваме по овој пат и затоа ве повикувам да се приклучите сите заедно со нас на вистинскиот на правилниот пат, за економски раст, за напредок, за интеграција, за повеќе пари кај граѓаните за повисок стандард, продолжуваме напред, рече Бочварски денеска пред многубројните насобрани граѓани во Штип на отворената трибина на СДСМ под мотото ,,На прав пат”, заврши Бочварски.

НАЈНОВО

Маричиќ: Сигурен сум дека во ВМРО-ДПМНЕ има многу УСБ-иња на Груевски

September 25, 2023

Десничарскиот екстремизам рапидно расте во Германија

September 25, 2023
Јасминка Џумхур, Ерик Мозе и Пабло де Грајф, членови на Независната меѓународна истражна комисија за Украина, присуствуваа на прес-конференција во Обединетите нации во Женева, Швајцарија, 23 септември 2022 година. Photo: REUTERS

Истрага на ОН: Русија измачувала украински жртви до смрт

September 25, 2023

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Радомир Почуча: Не сум мртов!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиуми од Косово: Идентификуван еден од напаѓачите во Косово. Кој е убиениот Почуча?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Србите на Косово се побунија, не сакајќи да го трпат теророт на Курти, за осуда е убиството на косовскиот полицаец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Косовските специјалци влегоа во манастирот Бањска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заврши полициската операција во Косово, уапсени десетина вооружени напаѓачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk