ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Изборен молк во Косово

Овие вонредни парламентарни избори во Косово ќе се одржат откако во јули годинава премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, а Собранието минатиот месец се самораспушти

October 5, 2019 11:03
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските граѓани со право на глас ќе можат утре (недела, 6 октомври) да гласаат на вонредните парламентарни избори, додека изборниот молк за политичките субјекти кои се натпреваруваат на овие избори започна синоќа на полноќ и ќе трае до затворањето на гласачките места, утре во 19 часот, пренесе МИА.

Официјалната кампања за овие, седми по ред, повеќепартиски избори во повоено Косово, започна на 25 септември, а за следење на изборната кампања и на самиот процес на гласање се акредитирани околу 33 илјади набљудувачи. Во оваа бројка влегуваат набљудувачите од редовите на учесниците на изборите во гласачките комисии, претставници на невладините организации, владини и меѓувладини организации, меѓународни специјализирани организации кои се занимаваат со избори и човекови права и слободи, претставници на други држави и медиумите.

На годинешните општи избори учествуваат 25 политички субјекти сертификувани од Централната изборна комисија (ЦИК), од кои 20 партии, четири кoалиции и еден независен кандидат.

За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваат 1.068 кандидати.

Право на глас, според конечниот список на гласачи што го објави ЦИК, имаат 1.937.868 лица, што е за околу 65 илјади повеќе во споредба со последниот изборен процес во земјата – локалните избори од 22 октомври 2017 година.

Оценка на независните набљудувачи е дека кампањата помина мирно и без инциденти, со одредени прекршувања на изборниот кодекс, како што е употребата на деца во кампањата, притисоци врз гласачите да гласаат за одредени субјекти, истакнување изборни плакати на јавни места, користење на јавни позиции со цел добивање гласови, користење на навредлив говор насочен против политичките конкуренти и друго.

Овие вонредни парламентарни избори во Косово ќе се одржат откако во јули годинава премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, а Собранието минатиот месец се самораспушти.

Извор: МИА

Next Post

Средношколски игри на Водно

Discussion about this post

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk