Под слоганот „ЗАЕДНО ВО ПРИРОДА“ денеска од 10 до 13 часот на Средно Водно во Скопје ќе се одржат шестите „Средношколски игри“, манифестација од забавен и натпреварувачки карактер за ученици од средните училишта на Град Скопје, во организација на ЗГ „СФЕРА“ Скопје.
Натпреварувачкиот дел од игрите трае од 10 до 11 часот, а од 12 часот ќе се прогласуваат и доделуваат наградите за најдобрите ученици по активности. Од самиот настан, учениците ќе испратат порака за поттикнување на здрав живот и почесто движење во природни средини, толеранција и заедништво меѓу младите, непотпаѓање на пороците дрога и алкохол, и ширење позитивни искуства со своите врсници.
Манифестацијата е поддржана од Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“, Здравствен дом Скопје, компаниите „Магрони“ со брендовите „Ladna juicy“ и Добра Вода, и „Виталија“ со житните плочки Go Nutri.
Извор: МИА