ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи: Скопје и Париз имаат историска шанса да ги соединат заедничките амбиции во интерес на цела Европа

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи во разговорот ја потенцирал подготвеноста на Владата активно да учествува во промоцијата на европските вредности на Балканот

October 8, 2019 12:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и Франција имаат историска шанса да ги соединат своите интереси, создавајќи вистински пример за тоа како се напредува во европските интеграции, изјави денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи во официјален телефонски разговор со француската министерка за Европа и претставник на Франција во ЕУ, Амели де Моншален.

– Имаме неповторлива шанса пред нас да ги соединиме интересите на нашите две земји, создавајќи вистински пример за тоа како се напредува во европските интеграции, преку лидерство, преку храбри одлуки и долгорочни компромиси, како и преку истрајни и темелни реформи, истакнал Османи во разговорот.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи во разговорот ја потенцирал подготвеноста на Владата активно да учествува во промоцијата на европските вредности на Балканот, како суштински елемент во изградбата на посигурна, постабилна и просперитетна Европа.

– Преговорите на ЕУ со Република Северна Македонија претставуваат можност на дело да се демонстрира кредибилност на европската перспектива, како основно гориво за решавање на конфликтите во регионот, праќајќи со тоа јасен сигнал до сите земји од Западниот Балкан, за европскиот модел кој се очекува да биде етаблиран кај сите земји кои сакаат членство во Унијата, истакнал Османи, изразувајќи притоа надеж дека претстојните самити на ЕУ ќе ја потврдат оваа заложба за остварување на заемните интереси.

Телефонскиот разговор со француската министерка Де Моншален претставува дел од активностите на вицепремиерот Османи со претставниците на европските земји во пресрет на одлуката за старт на преговорите на октомврискиот самит на ЕУ, се додава во соопштението.

Извор: МИА

Next Post

Пендаровски: Бугарија сигурно нема да го блокира датумот

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk