ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Времеплов, 8 октомври 2019

October 8, 2019 06:44
in ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

НА ДЕНЕШЕН ДЕН:

1354

Убиен бил италијанскиот хуманист Николо Габрини, познат како Кола ди Ријенци, водач на римските републиканци. Својот идеал, обнова на античката република во Рим и обединета Италија, се обидел да го оствари со востание во 1347 година. Со помош на римските граѓани ја прогласил Римската република, која ја предводел под името „народна трибуна“. Од Рим ги протерал феудалците и ги намалил даноците, но набрзо аристократијата ги поразила неговите истомисленици и од 1348 до 1353 година живеел во бегство. За своите идеи без успех се обидувал да ги придобие германскиот цар Карл IV и авињонскиот папа Инокентиј VI. Во август 1354 година успал да ја обнови Римската република, но по два месеца бил убиен.

1793

Во Париз за публиката бил отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш бил кралски дворец.

1803

Умрел италијанскиот писател Виторио Алфиери. Од неговите дела зрачи љубов за слобода и желба за ослободување од тиранијата. Дела: трагедите – „Саул“, „Орест“, „Марија Стјуарт“, „Филип“, „Клеопатра„, „Антигона“, автобиографскиот запис „Животот на Виторо Алфиери“.

1843

Со англиско-кинеските трговски договори била потврдена спогодбата од Нанкинг, што ја потпишала Кина, признавајќи го поразот во „Опиумската војна“ против Британија. Врз основа на спогодбата, Кина морала да и плати на Британија отштета од 21 милион долари, да и го отстапи Хокгконг и за европската трговија да ги отвори пристаништата: Кантон, Амој, Фучоу, Нингно и Шангај. Во кинеските пристаништа Британците наметнале режим на екстериторијалност, ја определиле висината на царината (5 отсто) и за себе обезбедиле трговски привилегии.

8 октомври 1864 година: Во Смедерево е роден Бранислав Нушиќ, српски комедиограф, сатиричар и критичар. Негови најпознати дела се комедиите „Сомнително лице“, „Протекција“, „Народен пратеник“, „Госпоѓата министерка“ и други. Умрел во Белград, на 19 јануари 1938 година.

1871

Во Чикаго, во пожар, кој беснеел три дена, загинале најмалку 300 луѓе, а околу 90.000 останале без покрив над главата.

1893

Вилхелм Конрад Рентген го открил новиот вид зраци што имале својство да пробиваат низ телото и да дејствуваат врз фотографската плоча. Тој ги нарекол „ИКС“ зраци, а подоцна според неговото име биле наречени рендгенски зраци. За овој епохален пронајдок тој ја добил Нобеловата награда за физика во 1901 година.

1895

Убиена била корејската кралица Мин, која се обидувала да го спречи бранот на јапонската доминација во Кореја. Групата убијци која влегла во нејзиниот двор ја предводел јапонскиот конзул генерал Горо Миур.

1912

Црна Гора ѝ објавила војна на Турција и истиот ден ги нападнала Турците кај Скадар со што почнала Првата балканска војна. По крвавите борби во кои загинале безмалку 300.000 луѓе од двете страни, Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија во 1913 година ја отстраниле турската власт од Балканот и ги протерале Турците од Европа.

1939

Германија во Втората светска војна ја припоила западна Полска во Третиот рајх.

1942

Почнало големото истоварување на сојузничките трупи во Африка за време на Втората светска војна. Главен командант на операцијата бил Двајт Ајзенхауер.

1944

На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одбила нападите на балистичките сили од правецот на селото Орман – селото Бразда, кои се обидувале да ја отфрлат од комуникација релацијата Скопје – Качаник и да го оневозможат непречено сообраќајот на германските сили. Бригадата успеала да ги одржи позициите од кои постојано ги напаѓала германските транспорти и колони.

1953

Велика Британија и САД без консултации предизвикале едногодишна криза во односите меѓу Италија и Југославија со предавањето на цивилната управа во зоната „А“ – слободната територија на Трст – во целост на Италија. Италија концентрирала свои трупи на границата, на што со иста мерка и возвратила Југославија.

1967

Умрел британскиот државник Клемент Ричард Атли, лабуристички премиер од 1945 до 1951 година. За време на неговиот мандат Лондон ги признал независноста на Индија во 1947 година, а во 1948 година на Бурма. Дела: „Лабуристичката партија во перспектива“, „Дванаесет години подоцна“ и автобиографијата „Како се случи тоа“.

1974

Роден е премиерот Зоран Заев.

1991

Словенија и Хрватска прогласија отцепување од СФР Југославија.

8 октомври 1992 година: Во Ункел, кај Бон, умрел Вили Брант, германски политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1971 година. Роден во Либек, на 18 декември 1913 година.

1992

Македонската радио-телевизија го известила генералниот секретар на Здружението на југословенските радио-телевизии дека Македонската радио-телевизија донесла одлука за истапување на МТВ од ЈРТ, во согласност со одредбите на договорот за основање на здружение на југословенските радио-телевизии.

1994

Во Скопје било одржано Основачкото собрание на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. За претседател бил избран писателот Мето Јовановски.

1996

Во првата јавна посета на Израел, палестинскиот лидер Јасер Арафат се сретна со израелскиот претседател Езер Вајцман во неговата приватна резиденција.

1997

Советот за безбедност на Обединетите нации спровел санкции за Сиера Леоне, насочени против воената хунта во земјата.

1998

Јапонија и формално и изразила жалење на Јужна Кореја поради 35-годишното колонијално владеење со Кореја.

2000

Сириски авион со функционери, лекари и медицински материјали слетал во Багдад. По две децении тоа бил првиот лет на авион од Дамаск во главниот град на соседен Ирак.

2001

Авион на скандинавската компанија SAS, по судирот во густата магла со мал приватен авион, удри во хангар на миланскиот аеродром „Линате“ при што загинале сите 110 луѓе во авионот. Загинале и четири лица во приватниот авион и четворица аеродромски работници.

2005

Во земјотрес со разорна моќ од 7,6 степени според Рихтеровата скала кој ги погодил Пакистан и Индија, животот го загубиле околу 75.000 луѓе, а повеќе од 10.000 биле повредени.

8 октомври 2013 година: Физичарите Питер Хигс од Велика Британија и Франсоа Енглерт од Белгија станале добитници на Нобеловата награда за физика за откривањето на хипотетската елементарна честичка, позната како „Хигсов бозон“, што објаснува како основната супстанца добила маса и ги формирала ѕвездите и планетите.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
Фото: Дехран Муратов

Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

May 9, 2025

Без струја корисници во Илинден, Арачиново и Карпош

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk