Повеќе од 400 наводни членови на злогласната транснационална криминална група Мара Салватруча позната како МС-13 се појавија пред суд во Сан Салвадор.
Меѓу нив има и 17 наводни лидери на криминалната група.
Во судот присуствуваат 16 обвинети, додека другите се во затвор.
На случајот работеа речиси 100 адвокати, а судењето би можело да трае до ноември поради големиот број на сведоци и многуте докази.
Обвинителството наведува дека земало изјави од 150 лица, но се очекува да сведочат само 34 луѓе. Клучниот сведок е лице кое може да ги идентификува по име и прекар секој од осомничените криминалци.
Поголемиот број обвинети се уапсени минатата година кога повеќе од 1.500 специјалци спроведоа рации во ресторани, кафулиња, салони за убавина, пиварници, продавници за половини автомобили, при што се запленети пари, банкарски сметки, возила и недвижен имот.
извор: МИА