ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

11 Октомври – Ден на народното востание, свечености во Прилеп, Куманово и Скопје

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети

October 11, 2019 08:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Седумдесет и осум години од почетокот на антифашистичкото востание и почетокот на народноослободителната војна ќе бидат одбележани денеска во Куманово, Прилеп и во Скопје, во присуство на членови на Владата, Собранието, претставници на политичките партиите, на Сојузот на борците, дипломатскиот кор, граѓански организации…

Во Куманово активностите стартуваат со положување цвеќе на Спомен-костурницата по што воениот оркестар ќе ја интонира државната химна. Владината делегација во Куманово ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, кој ќе има пригодно обраќање. Дел од делегацијата се и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерите за образование и наука ,Арбер Адеми ми за странски инвестиции Зорица Апостолска, како и пратеници

Празнувањето во Прилеп ќе се одржат пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и на Кузман Јосифоски-Питу, како и на Могилата на непобедените. Владината делегација во Прилеп ќе ја предводи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан.

Празничните активности и во Скопје ќе почнат со положување цвеќе, на Партизанските гробишта во Бутел, од владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а ќе присуствуват и министрите за финансии Нина Ангеловска, за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски и за економија Крешник Бектеши.

Премиерот Заев и членови на Владата ќе присуствуваат и на свеченоста во Парламентот, каде што напладне ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. Наградата за животно дело во областа на науката ќе му се врачи на академик Љупчо Коцарев, додека во областа на културата и уметноста на актерот Петар Мирчевски и писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски.

Организираното востание почна во 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Единаесетти октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција држвава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации,  очекува официјален прием во НАТО и датум за почеток на преговори за членство со Европската унија.

Денот на народното востание, 11 Октомври,  е неработен ден за сите граѓани на државава.

Извор: МИА

Next Post

11 Октомври - симболот на непокорот

НАЈНОВО

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

November 6, 2025
Фото: архива КУД „Стив Наумов“-Битола

На денешен ден во Битола е формиран најстариот македонски хор „Стив Наумов“

November 6, 2025

Три екипи со максимален ефект по првите четири кола во ЛШ

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk