fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Иглата, новиот симбол на Штип, град на текстилот

Иглата има за цел да го претстави текстилот како гранка на која почива градот Штип, но исто така и гласот за потребата од подобри услови за вработените

October 11, 2019 16:44
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ретки се добрите пример на соработка и комункација меѓу граѓанските организации, кои работат на работничките права и институциите, оцени на денешната прва дебата на третата „Текстилијада“ во Штип, Кристина Ампева од Гласен Текстилец. Како добри примери во борбата за поголеми работнички права ја посочи соработката со трудовите инспектори од Куманово, Крива Паланка и Делчево, кои, како што, рече веднаш излегуваат на терен по секоја нивна претставка или доставена од работниците.

„Последнава година како што кажав имаме соработка со Државниот трудов инспекторат и неколку подрачни единици, исто така со Хелсиншкиот комитет за човекови права имаме веќе три годишен проект, испраќаме претставки заедно и ни одговараат на претставките. Меѓутоа дали се утврдуваат прекршоци во сите тие претставки, не“, рече Ампева.

Таа како добар пример во регионот го посочи Косово, каде што невладиниот сектор веќе работи заедно со трудовиот инспекторат. Елмир Ајдини од невладниот сектор во Косово вели дека нивната организација веќе заеднички работи со институциите и со инспекторат, а како пример го посочи нивното вклучување во носењето на новиот Закон за безбедност при работа.

На денешнава трибина на „Текстилијада“ беа посочени токму добрите примери меѓу невладините и институциите. Трудовата инспекторка од Крива Паланка, Моника, Митровска-Костовска која беше посочена дека си ја работи работат на терен вели дека претставки има во сите сектори, но секој ден пристигнуваат од текстилниот и кожарскиот сектор.

 

„Работниците најмногу се жалат и поднесуваат претставки поради прекувремена работа, мобинг, неисплатени плати, како и не користење на годишен одмор“, потенцира Митровска-Костовска.

Бранимир Јовановиќ модератор на „Текстилијада“-Штип забележа дека земјава е со наjлоши работнички права во Европа, причината е инертноста на институциите, желбата на сопствениците да го изиграат законот, но и немање на сила кај работниците за синдикално здружување. Но, решението го гледа во новиот Закон за работни односи, за кого ќе коментира кога ќе излезе и ќе биде ставен како Предлог, по што, како што рече, ако е добар ќе се пофали Владата, дека го исполнила  она што го ветуваше во предизборната програма или ако не е добар  ќе се критикува и ќе се донесе заклучок дека е како претходната.

Вечерва Текстилијада продолжува со промоција на стрипот „Супер Текстилка“, а утре на дебата ставовите за оваа и други теми ќе ги спротистават невладините, синдикатите, работодавците и министерката за труд и социјална политика.

 

Третата Текстлијада во Штип денеска почна со откривање на уметничка инсталација Игла во паркот во населбата 8 Ноември, каде што присуствуваше и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Тој забележа дека како општина ја подржуваат оваа манифестација посветена за работничките права, а токму како левичарска партија работат во изминатите години и на подобрување во делот на платите, како и носење на нови закони.

Денис Ампев од Гласен Текстилец вели дека Иглата има за цел да го претстави текстилот како гранка на која почива градот Штип, но исто така и гласот за потребата од подобри услови за вработените. Инсталацијата е креирана во соработка со Центарот за современа уметност и тимот на урбанистички уметнички акции и академскиот скулптор Андреј Митевски и Никола Писарев.

извор МИА

НАЈНОВО

Маричиќ: Сигурен сум дека во ВМРО-ДПМНЕ има многу УСБ-иња на Груевски

September 25, 2023

Десничарскиот екстремизам рапидно расте во Германија

September 25, 2023
Јасминка Џумхур, Ерик Мозе и Пабло де Грајф, членови на Независната меѓународна истражна комисија за Украина, присуствуваа на прес-конференција во Обединетите нации во Женева, Швајцарија, 23 септември 2022 година. Photo: REUTERS

Истрага на ОН: Русија измачувала украински жртви до смрт

September 25, 2023

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Радомир Почуча: Не сум мртов!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиуми од Косово: Идентификуван еден од напаѓачите во Косово. Кој е убиениот Почуча?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Србите на Косово се побунија, не сакајќи да го трпат теророт на Курти, за осуда е убиството на косовскиот полицаец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Косовските специјалци влегоа во манастирот Бањска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заврши полициската операција во Косово, уапсени десетина вооружени напаѓачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk